НесКом Компјутери е основана во 2006 година од тим на ИТ професионалци. Нашата главна дејност е продажба и монтажа на алармни системи и системи за видео надзор од реномирани светски производители,изработка на секаков вид на софтвер,вебдизајн и продажба на хардвер преку ефикасно организирана мрежа од дистрибутери, мали и големи компании и крајни потрошувачи. Во соработка со речиси сите увозници и д
истрибутери на ИТ опрема, на нашите потрошувачи секогаш им нудиме најголем избор на прозиводи по најдобри цени.
Како усовршување на секторот за продажба на хардвер креиравме и имплементиравме комплетен сервис за менаџирање на онлајн продажба. Со имплементацијата на НесКом Стор се доближуваме до нашата цел преку автоматизирано секојдневно ажурирање на цените, залихата и бројот на производите да бидеме отворени за Вас 24/7. Со презентирање на речиси сите моментално достапни производи на пазарот, Ви даваме комплетна слика на ИТ пазарот во Македонија и понуда на сите производи кои можете да ги набавите на едно место, по актуелни и редовно ажурирани цени. Нашиот тим може да Ви ги набави и најтешко достапните артикли на пазарот.
Со имплементација на НесКом Стор го скратуваме потрошеното време и пари, а ја подобруваме услугата кон нашите клиенти.
НесКом Компјутери располага и со сопствен сервис - NesKom Repair Center- за поправка и надградба на компјутерска опрема, имплементација и одржување на компјутерски мрежи и секаков вид на техничка поддршка која Ви е потребна за беспрекорно функционирање на техлогојата од која сте секојдневно зависни Вие или Вашиот бизнис. Ви нудиме професионална поддршка на повик по пристапни цени.