M13 Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from M13, Mobile Phone Shop, Ilindenska, Skopje.

14/05/2026

🎶 НЕДЕЛА Е ЗА МУЗИКА, МЕРАК И ДОБРО ДРУШТВО! ☀️🍖

Оваа недела од 13:00 часот,
Комитски Конак повторно ќе биде местото каде што:
🎸 се пее од срце,
🍻 се наздравува со радост,
🔥 се ужива во добра храна
и ☀️ се фаќа сонце на летната тераса.

Ве очекува:
🍖 тазе месо на жар
🥘 специјалитети од фурна
☀️ прекрасна летна тераса
🛝 игротека за најмалите
🎶 жива музика и атмосфера што се памети

Собери го друштвото, семејството или саканите и помини недела како што треба - со музика, добра храна и вистински мерак. 🍷

📍 Комитски Конак, с. Плешанци (Пробиштип)
📞 Резервации: 070-222-168

⚠️ Ако времето остане вакво - терасата ќе биде полна. Резервирај навреме.

#КомитскиКонак #ЖиваМузика #НеделаЕЗаМерак #ЛетнаТераса #МесоНаЖар #Пробиштип #ДобраАтмосфера

💸 ДОСТА ПРОФИТИРАВТЕ НА ГРБОТ НА ГРАЃАНИТЕ: Колапс на пазарот за недвижности - Драстично паѓа продажбата и изградбата на...
13/05/2026

💸 ДОСТА ПРОФИТИРАВТЕ НА ГРБОТ НА ГРАЃАНИТЕ: Колапс на пазарот за недвижности - Драстично паѓа продажбата и изградбата на станови, а народот кажа конечно „СТОП“ и за купување и за закупи!

💸 ДОСТА ПРОФИТИРАВТЕ НА ГРБОТ НА ГРАЃАНИТЕ: Колапс на пазарот за недвижности - Драстично паѓа продажбата и изградбата на станови, а народот кажа конечно „СТОП“ и за купување и за закупи!

Долготрајниот тренд на нереално високи цени на квадратот во Македонија конечно го донесе очекуваниот, но болен епилог. Граѓаните, исцрпени од економската криза и постојаното поскапување на животот, повеќе немаат финансиска моќ да ги плаќаат астрономските цифри наметнати од инвеститорите.

Најновиот официјален извештај на Агенцијата за катастар на недвижности открива фрапантни податоци кои јасно покажуваат дека балонот почнува да пука. Пазарот тоне, а градежните профитери кои со години „печалат на грбот на народот“ сега се соочуваат со празни згради и блокиран капитал.

📉Остар пад на пазарната моќ: Народот кажа „СТOП“ на алчноста

Официјалните бројки будат сериозен аларм. Во првите три месеци од годинава, вкупниот број на купопродажни договори и договори за закуп бележи драстичен пад од 16,4 отсто во споредба со последниот квартал од минатата година. Ова не е само обична статистика, туку директен показател дека пазарната активност е во сериозен застој. Граѓаните масовно се повлекуваат од купување, решени да не влегуваат во доживотни должнички ропства за станови кои реално вредат двојно помалку од она што се бара на пазарот.

🏢 Слободен пад на продажбата: Профитот пред хуманоста се удира од ѕид

Најголемиот удар е регистриран токму таму каде што најмногу се профитираше – во станбениот сектор. Бројот на продадени станови во првиот квартал буквално доживеа колапс, со пад од огромни 27 проценти во однос на претходното тримесечје. Заедно со падот на продажбата, логично, се стопи и финансиската моќ на пазарот, па вкупната финансиска вредност на продадените станови е намалена за 23 отсто. Иако во овој период се свртеа недвижности во вкупен износ од 275 милиони евра, оваа бројка е далеку под очекувањата на инвеститорите и бележи сериозно тонење во споредба со минатото.

🏗️ Новоградбите зјаат празни: Намалена продажба од дури 29%

Инвеститорите кои безмилосно ги бетонизираа градовите со цел брза и лесна заработка, сега се соочуваат со суровата реалност. Во делот на новоизградените станови кои се продаваат директно од инвеститор, регистриран е пад од 29 отсто во споредба со претходниот квартал. Ова покажува дека градежниот бум удри во силен макроекономски ѕид. Народот веќе одбива да ја финансира алчноста на моќниците кои вештачки ја одржуваат високата цена на квадратот, иако побарувачката е одамна десеткувана.

🔑 Колапс кај кириите: Студентите и семејствата веќе немаат со што да платат

Економската немоќ на граѓаните брутално се прелеа и врз пазарот за изнајмување на домови. Закупот на станови во првиот квартал од годинава бележи историски пад од неверојатни 47 отсто во однос на бројот на издадени станови. Сопствениците кои бараа нереални суми за кирија сега се принудени да ги спуштат критериумите, што резултираше со голем пад на вкупната месечна закупнина од 40 отсто. Кираџиите, особено младите брачни парови и студентите, едноставно веќе немаат буџет за да го издржат овој нехуман финансиски притисок.

Се наоѓаме перед моментот на вистината. Дали градежните моќници конечно ќе ги спуштат цените на нормално ниво, или ќе продолжат да ги чуваат становите празни, чекајќи нов профит на маката на обичниот граѓанин?

Едно е јасно – народот повеќе нема пари за расфрлање.

#СтопЗаАлчноста #ДостаЕПрофитерство #ПрескапиНедвижности #УрбанаМафија #КрахНаПазарот #Станови #Кирија #ПродажбаНаСтанови #Македонија

12/05/2026

🍖 Не ти треба посебен повод за уживање.

Понекогаш е доволно:
добро друштво, топла атмосфера и храна што мириса на вистински жар.

Во Комитски Конак те чекаат:
🔥 Месо на жар / во фурна
☀️ Летна тераса
🛝 Игротека за најмалите
🍻 Атмосфера за уживање

📍 с. Плешанци, Пробиштип
☎️ Резервации: 070-222-168

👉 Секој ден има нова причина да дојдеш.

#КомитскиКонак #МесоНаЖар #ЛетнаТераса #Пробиштип #ДобраХрана

Во спектакуларна финална серија кошаркарките од Крива Паланка ги „здробија“ противничките од Бадел со убедливи 3-1 и се ...
10/05/2026

Во спектакуларна финална серија кошаркарките од Крива Паланка ги „здробија“ противничките од Бадел со убедливи 3-1 и се искачија на кошаркарскиот трон во Македонија ✨🏆🏀 Честитки за историскиот успех 🎉

👑 КРИВА ПАЛАНКА Е НА КОШАРКАРСКИОТ ТРОН ВО #МАКЕДОНИЈА: ИСТОРИСКА ПРВА ТИТУЛА ЗА ГРАДОТ! 🏀🏆

🔥 СЕНЗАЦИЈА И ГОРДОСТ! Екипата на Крива Паланка е новиот ВЛАДЕТЕЛ во женската Прва кошаркарска лига на Македонија! 🥇✨

🥊 Во епска финална битка, девојките од северо-истокот го „скршија“ Бадел со 3-1 во серијата! Вечерва, среде Скопје, во драма каква што само кошарката може да приреди, Кривопаланчанки славеа со 75-73! 💥🔥

📉 ОД ПРЕДНОСТ ДО ДРАМА:
Нашите хероини почнаа фуриозно со +14 разлика (30-16), но Бадел не се предаваше и направи целосен пресврт (53-52). Сепак, кога беше најтешко, Крива Паланка покажа шампионски карактер! 💪 Со серија во финишот и водство од 71-62, отпорот на противникот беше дефинитивно скршен! 🛡️🏀

🌟 МВП ДОМИНАЦИЈА:
Неверојатната Аби Ниехуес е херојот на финалето! Со застрашувачки 22 поени и 17 скокови, таа заслужено го подигна признанието МВП на финалната серија! 🎖️🔝 (Кај Бадел, најефикасна беше Фриман со 28 поени).

📜 ИСТОРИЈАТА СЕ ПИШУВА СО ЗЛАТНИ БУКВИ:
Крива Паланка за првпат во историјата се закити со шампионскиот пехар! 🏆 Кривопаланчанки, главата горе - ВИЕ СТЕ ГОРДОСТА НА МАКЕДОНИЈА! 🇲🇰❤️

🎊 ЧЕСТИТКИ ДО ИГРАЧИТЕ, СТРУЧНИОТ ШТАБ И ВЕРНАТА ПУБЛИКА! 🎊

#КККриваПаланка #Шампиони #ЖенскаКошарка #МВП #ИсторискаТитула #МакедонскиСпорт #Кошарка

⚠️ ЕКСКЛУЗИВНО | ВИСТИНАТА ЗА ХАНТАВИРУСОТ: Епидемиологот Даниловски удира таму каде што најмногу боли - во нашата совес...
10/05/2026

⚠️ ЕКСКЛУЗИВНО | ВИСТИНАТА ЗА ХАНТАВИРУСОТ: Епидемиологот Даниловски удира таму каде што најмногу боли - во нашата совест и неажурноста на системот 🦠🐀🔥

⚠️ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД ПРВА ЛИНИЈА: Проф. д-р Даниловски ја открива вистината за #хантавирусот што не смее да се премолчи! 🔥

Наместо официјални соопштенија, добиваме факти кои вознемируваат!

Додека неконтролираните депонии стануваат жаришта, еден од нашите најистакнати епидемиолози ја презема одговорноста да ја информира јавноста онака како што навистина е. 🛑

Професор д-р Драган Даниловски го вклучува црвениот аларм: Ова не е само обична објава, туку патоказ за заштита во време кога хигиената е нашата единствена бариера против заразата што демне. 🐭🦠

„Рубиконот е поминат“ – стравот е лош советник, но знаењето и превенцијата се нашата последна линија на одбрана. Не дозволувајте негрижата да стане ваша судбина!

Прочитајте ја целосната, стручна анализа на Професорот подолу: 👇

ДАЛИ НАВИСТИНА ХАНТАВИРУСОТ НИ Е НАЈГОЛЕМИОТ ЈАВНОЗДРАВСТВЕН ПРОБЛЕМ?

Хантавирусот деновиве стана новата суровина за глобалната индустрија на страв.

Доволен беше еден изолиран настан на крузер во Јужниот Атлантик за интернет-просторот повторно да експлодира со апокалиптични сценарија, „предвидувања“, мистериозни објави од минатото, сомнежи за глобални агенди и рециклирани теории за контрола на човештвото.

Речиси по автоматизам, повторно почнаа да циркулираат истите зборови: пандемија, контрола, депопулација, mRNA, „1984“...

Како да постои готов шаблон што се активира секогаш кога во медиумите ќе се појави името на некој вирус.

Во меѓувреме, јавноста постепено престанува да прави разлика меѓу епидемиологија и алгоритамски произведен страв.

Особено загрижува фактот што во таквата атмосфера понекогаш активно учествуваат и здравствени професионалци. Чијшто јавно изговорен збор носи огромна тежина, зашто, покрај името им стои титула доктор.

По ковид-пандемијата, општеството остана психолошки преосетливо на теми поврзани со инфективни болести.

Доволни се неколку драматични формулации, неколку недоискажани инсинуации и една фотографија со лабораториски амбиент, за кај дел од населението повторно да се активира чувството дека „нешто се подготвува“.

Во таков контекст, јавната комуникација на медицинската фела повеќе не е приватна работа - лаф-муабет во кафуле.

Социјалните мрежи (веќе) се масовен медиум.

А алгоритмите наградуваат страв.

Хантавирусите, пак, не се нов феномен што вчера се појавил во лабораторија.

Тие се одамна познати во медицината. Претставуваат група вируси поврзани со глодари, кои се нивен природен резервоар. Луѓето најчесто се инфицираат преку контакт со аеросоли и честички прашина контаминирани со измет, урина или плунка од заразени глодари.

Дел од нив се присутни на европскиот континент, Азија и Африка (подгрупа на Хантавируси на Стариот свет - Old World Hantaviruses). Ендемско подрачје е Балканот.

Друг дел од нив (подгрупа на Хантавируси на Новиот свет - New World Hantaviruses) „владее“ со обете Америки. Ендемско подрачје се Аргентина и Чиле.

Иако двете подгрупи се сродни, тие се разликуваат по тоа што предизвикуваат различни видови болести кај хуманите домаќини.

Вирусите во подгрупата на Новиот свет предизвикуваат болест позната како „хантавирусен пулмонален синдром“ со десетици заболени секоја година и смртност од 20-40%.

Вирусите во подгрупата на Стариот свет предизвикуваат болест позната како „хеморагична треска со бубрежен синдром“, со стотици заболени секоја година и со смртност од 1-15%.

Балканот има сопствено искуство со хеморагичната треска со бубрежен синдром.

Во подгрупата на Новиот свет постои типот Andes вирус, (причинител на епидемијата на крузерот „Хондиус“).

Само кај овој тип е опишан и пренос од човек на човек!

Многу важно! Тој вирус не циркулира кај нас. Ниту постои ризик да „скокне“ од некој од заразените на крузерот.

Поради тоа, во моментот не постојат индикации за сценарио што би наликувало на ковид-пандемијата.

Истовремено, постојат реални причини за внимателност.

Темата за хантавирусите отвора едно многу приземно и локално прашање: каква е состојбата со урбаната хигиена, дератизацијата и контролата на глодарите во македонските градови?

Во изминатиот период, Скопје и други средини се соочуваа со сериозни проблеми со отпадот. Контејнери преполни со денови. Купишта смет покрај улици. Расфрлан органски отпад. Диви депонии.

„Мијазма“ на 21 век!

Таквите услови неизбежно создаваат средина погодна за експанзија на популацијата на стаорци и глувци. Кои претставуваат потенцијален резервоар за повеќе инфективни заболувања, вклучително и хантавирусните инфекции.

Токму затоа, прагот на летото е момент кога институциите треба сериозно да пристапат кон:

- дератизација;
- дезинфекција;
- санитарен надзор;
- урбана хигиена;
- контрола на дивите депонии.

Поради елементарна епидемиолошка логика.

Крајно време е да научиме да правиме разлика меѓу реален јавно-здравствен ризик и интернет-фантазија што живее од колективниот страв.

На јавноста денес ѝ се потребни точни информации, трезвеност и превенција.

Не ни треба нова паника.

06/05/2026

🔥 СЕКОЈ ДЕН ИМАШ ПРИЧИНА ДА ДОЈДЕШ… но прашањето е - дали ќе ја искористиш?

Во Комитски Конак не доаѓаш само да јадеш… доаѓаш да уживаш како човек.

🥩 ЖАР што мириса од далеку
🍗 МЕСО што се топи во уста
🍽️ ПОРЦИИ што не се штедат
🌿 ЛЕТНА ТЕРАСА за мерак
🎠 ИГРОТЕКА за најмалите
🎶 ЖИВА МУЗИКА за душата

🔥 ВТОРНИК - ПЕТОК (ПРОМО ЦЕНИ):

🥩 ШАРСКА ПЛЕСКАВИЦА (300гр) - 249 ден.
🍗 ПИЛЕШКИ СТЕК (300гр) - 199 ден.
🔥 КОМИТСКА ПЛЕСКАВИЦА (1.5кг) - 999 ден.
🍖 СВИНСКА КОЛЕНИЦА - 799 ден./кг
🥓 КОМИТСКА СЕМЕЈНА ДАСКА (7 парчиња месо на жар) - 1099 ден.

🎶 НЕДЕЛА = ПОИНАКВА ПРИКАЗНА:

🔥 ЖИВА МУЗИКА од 13:00
🍽️ Храна по редовно мени
🛏️ 20% ПОПУСТ на сместување + доручек

👉 Недела не е за дома.
👌 Недела е за мерак.

👉 Ова не е за гледање.
👌 Ова е за доаѓање.

⚠️ Местата се полнат брзо.
📞 070-222-168
📍 с. Плешанци, Пробиштип

Комитски Конак - место каде што секој ден има причина да дојдеш.

🚨 ВНИМАНИЕ, БРУТАЛНА ИЗМАМА: ЛАЖЕН „SAFE CITY“ ГИ ПРАЗНИ СМЕТКИТЕ НИЗ МАКЕДОНИЈА! ⚠️ НЕ ПЛАЌАЈТЕ, ОВА Е КЛОНИРАНА КАЗНА ...
05/05/2026

🚨 ВНИМАНИЕ, БРУТАЛНА ИЗМАМА: ЛАЖЕН „SAFE CITY“ ГИ ПРАЗНИ СМЕТКИТЕ НИЗ МАКЕДОНИЈА! ⚠️ НЕ ПЛАЌАЈТЕ, ОВА Е КЛОНИРАНА КАЗНА ОД МВР! 🛑💸

🚨 ВНИМАНИЕ, БРУТАЛНА ИЗМАМА: ЛАЖЕН „SAFE CITY“ ГИ ПРАЗНИ СМЕТКИТЕ НИЗ МАКЕДОНИЈА! ⚠️ НЕ ПЛАЌАЈТЕ, ОВА Е КЛОНИРАНА КАЗНА ОД МВР! 🛑💸

🔥 МАКЕДОНИЈА Е ПОД ЖЕСТОК УДАР – ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ СЛИКИТЕ И СПОДЕЛЕТЕ ВЕДНАШ! 🔥

Додека секој возач стравува од новите камери низ Скопје, меѓународна мафија инсталираше КЛОНИРАН „SAFE CITY“ систем директно на вашите телефони! 📲 Измамниците ги копираа официјалните казнени пораки на МВР до последен детаљ само за да ви влезат во платежните картички! 😱⚠️

‼️ ЕКСКЛУЗИВНИ ПОДАТОЦИ ЗА ИЗМАМАТА: ‼️
📍 ЛАЖЕН ИСПРАЌАЧ: Пораките стигнуваат од егзотични броеви, како овој на сликата од Филипините (+63 960 696 3624). МВР НИКОГАШ не користи странски броеви за казни! 🇵🇭🚫

📍 СТАПИЦА ОД 1.500 ДЕНАРИ: Ве мамат со „мала“ сума за да не се сомневате. Но, со клик на лажниот линк (mvr.govmk.cam), вие не плаќате казна – вие им ја ДАВАТЕ ЦЕЛАТА СМЕТКА НА КРИМИНАЛЦИТЕ! 🕸️❌

📍 ВИЗУЕЛЕН КЛОН: Сајтот изгледа ИСТО како официјалниот на МВР, бараат регистарски таблички и податоци од картичка. СТОП! Една грешка и вашата сметка ќе биде НУЛА! 📉🔓💸

🛡️ ШТО ВЕЛАТ ОД МВР (СЕКТОР ЗА КОМПЈУТЕРСКИ КРИМИНАЛ):
Апелираат до сите граѓани – НЕ ОТВОРАЈТЕ ЛИНКОВИ и не верувајте на пораки кои не доаѓаат од верификувани македонски сервиси! Полицијата нема систем за СМС наплата! 🚫✋

🛑 БИДИ ПРЕДУПРЕДЕН, БИДИ ЗАШТИТЕН! 🛑

Измамниците го користат твојот страв од камерите! Не им дозволувај да ти ја украдат месечната плата за 2 секунди! ✊🔥

👇 ПИШЕТЕ ВО КОМЕНТАР АКО ВИ СТИГНА ВАКВА ПОРАКА И ПРЕДУПРЕДЕТЕ НЀ КОЈ БРОЈ Е! 👇

🔃 СПОДЕЛИ (SHARE) ВЕДНАШ – СПАСИ ГО ТВОЈОТ КРУГ ОД ПРИЈАТЕЛИ! 🔃🆘

🚨 #СејфСити #КлонираниКазни #МВР #Македонија #Скопје #Итно #Измама #Внимателно

02/05/2026

ВЧЕРА КОНАКОТ БЕШЕ ПРЕПОЛН. ВО НЕДЕЛА - НЕ ЧЕКАЈ ПОСЛЕДЕН МОМЕНТ. ⚠️

Празничниот петок донесе атмосфера за паметење - полн Конак, песна, мерак… и за жал, дел од потенцијалните гости останаа без место.

👉 Утре, недела од 13:00 следува уште посилно:

🎶 ЖИВА МУЗИКА – 2 гитари и хармоника

☀️ Со убаво време и подготвена летна тераса,
ова ќе биде вистинско неделно уживање за друштво и фамилија.

🏡 Терасата е во „завет“ – заштитена и пријатна, идеална за кафе, ручек и добра песна.

⚠️ Масите веќе се резервираат.
Не ризикувај да останеш без место.

📞 070-222-168
👉 Резервирај навреме.

#КомитскиКонак #ЖиваМузика #НеделаОд13 #Македонија

30/04/2026
28/04/2026

🎻 ПЕТОК Е ЗА ПЕСНА. НЕ ЗА ДОМА.

ОПИС:
Петок, 1-ви Мај – не се седи дома.

Во Комитски Конак доаѓаат
🎻 Кратовски тамбураши – жива, автентична македонска музика што оди директно во душа.

👉 Песни што ги знаеш
👉 Атмосфера што се памети
👉 Маси што не остануваат празни

Од 13:00 почнува меракот.

📞 070-222-168
Резервирај навреме.

26/04/2026

🔥 НЕ ЧЕКАЈ ДА ТИ РАСКАЖУВААТ - ДОЈДИ ДА ДОЖИВЕЕШ. 🔥

Оваа недела во Комитски Конак не се седи дома.
Оваа недела се јаде, се пее и се живее како што треба.

🎶 ПЕТОК (1 Мај) од 13:00
👉 Кратовски тамбураши – мерак што не се опишува, туку се доживува

🎤 НЕДЕЛА од 13:00
👉 Жива музика – Комитско трио
(гитари + хармоника = атмосфера што крева на нозе)

🔥 СЕКОЈ ДЕН - ЖАРОТ И ФУРНА РАБОТАТ
🥩 Шарска, стекови, месо што пука од вкус
🍲 Комитски тави и специјалитети што се паметат

🛏️ 20% ПОПУСТ НА АПАРТМАНИ
(среда, петок, недела + гратис доручек)
👉 Одмор + џакузи + мерак = комплетно искуство

⚠️ Места се полнат – не чекај последен момент.

📞 070-222-168
👉 Резервирај и обезбеди си маса

Комитски Конак – не е само ручек.
Ова е доживување што се раскажува. 🔥

#КомитскиКонак #Празник #ПрвиМај #НеделаОд13 #ЖиваМузика

Address

Ilindenska
Skopje
1000

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when M13 posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share