КИМИ ЕЛЕКТРИК
- Паметни решенија
- Безбедност
- Висок квалитет
Кими Електрик нуди решенија и услуги за проектирање, дизајн, проценка, и инсталација на електрична опрема обезбедувајќи врвен квалитет и првокласна услуга. Примарна цел на нашето работење се долготрајните и модерни решенија за нови инсталации, како и целосни реновирања на инсталации применувајќи висока безбедност и паметни решенија.
Нашето искуство опфаќа широк спектар на бизниси и индустрии вклучувајќи комерцијални простории и канцеларии, индустриски комплекси и фабрики, спортски сали и училишта, како и сите видови услуги за нови градби како и соработка со големи изведувачи.
Комерцијални електрични инсталации
Секој мал или голем проект за нас претставува предизвик. Изевдуваме решенија како што се: осветлување и дизајнирање на системи за напојување, инсталации на светлечки знаци и реклами, инсталации на ролер и автоматски врати, осветлување на изложбени салони и многу други решенија за мали комерцијални малопродажни и големопродажни објекти.
Електрична инсталација и монтажа во индустриски објекти
Нудиме целосни решенија за фабрики, погони и складишта, кои имаат потреба од инсталирање на греење/вентилација, осветлување и системи за напојување, инсталација на современи безбедносни системи, аларми и осветлување во случај на пожар и евакуација, и друго. Нашиот тим е обучен за работа во секакви средини.
Големи и мали градежни компании/изведувачи
Секогаш спремни за соработка со сите големи и мали градежни компании и изведувачи за кои нудиме целосни, безбедни и паметни решенија за електрични инсталации.
Експертско тестирање и одржување
Дури и на инсталации со највисоки стандарди потребно им е повремено одржување, контрола и тестирање. Ние им нудиме на нашите клиенти комплетни услуги вклучувајќи тестирање, детектирање на дефекти, планирано превентивно одржување и тестирање на безбедноста врз база на краткорочни и долгорочни договори со нашите клиенти и други услуги.
Важно е да се напомене дека без оглед дали станува збор за домашна, комерцијална или индустриска инсталација, дизајн и проектирање ние во Кими Електрик секогаш се консултираме со експерти и искусни електричари за применување на највисоките стандарди за квалитет и безбедност.