11/03/2026
👉 Во просториите на N99 TechPark, на кампусот на Американскиот универзитет на Европа – ФОН, се одржа инспиративна и интерактивна едукативна сесија посветена на комуникациските вештини, на која учествуваа професори од скопските средни училишта СГУС „Владо Тасевски“ и СГУС „Димитар Влахов“.
👉 Обуката ја водеа проф. д-р Силвана Јовчевска, проф. д-р Ирена Ашталкоска и проф. д-р Александра Србиновска-Дончевски, кои преку своите предавања ги обработија темите за емоционалната интелигенција и градењето здрави односи со учениците, улогата на наставникот како клучен ресурс во развојот на училиштето, како и значењето на тимската работа во современото образование.
👉 Настанот отвори важни дискусии за улогата на комуникацијата, соработката и лидерството во образовниот процес.
👉 Во N99, веруваме дека знаењето и континуираното учење се двигатели на развојот. Горди сме што нашите простории се место каде се среќаваат академската заедница, искуството и новите идеи.