ХАС Инженеринг

ХАС Инженеринг Автоматика
Електроника

ХАС Инженеринг е компанија која е основана во 2014 година во Скопје од страна на тројца дипломирани електро инженери. Идејата за оформување на нашата компанија доаѓа заедно со идеjата за развој на систем за домашна автоматизација кој ќе биде со достапни цени за нашиот пазар. Покрај системите за домашна автоматика дејствуваме и во областа на индустриска автоматика, автоматизација и визуелизација на HVAC системи (системи за греење, вентилација и климатизација) и системи за техничко обезбедување.

🚀 HAS Инженеринг на Hannover Messe 2026Со задоволство споделуваме дека Хас Инженеринг беше дел од еден од најголемите и ...
30/04/2026

🚀 HAS Инженеринг на Hannover Messe 2026

Со задоволство споделуваме дека Хас Инженеринг беше дел од еден од најголемите и највлијателни индустриски саеми во светот – Hannover Messe.

Овој настан е синоним за иновации во индустријата, каде што се презентираат најновите решенија во индустриската автоматизација.

Нашата посета беше одлична можност за:
✔ следење на најновите технолошки трендови
✔ размена на искуства со водечки компании
✔ воспоставување нови партнерства
✔ идентификација на решенија што ќе донесат дополнителна вредност за нашите клиенти

📸 Во прилог споделуваме дел од атмосферата преку фотографии од настанот. Како систем интегратор, остануваме посветени на континуирано унапредување и имплементација на современи индустриски решенија.

03/04/2026

Оптимално искористено PLC или оставаш резерва – што преферираш? ⚡👇

25/03/2026

😏Кога деталите се средени – процесот нема изговор да застане.

19/03/2026

😏Нема импровизација. Само прецизност.

25/02/2026

🔎 Таблицата на моторот

Кога поставуваме или заменуваме фреквентен регулатор (VFD), првиот чекор не е каталогот — туку таблицата на моторот.
Токму таму се наоѓаат параметрите што одредуваат дали регулаторот ќе работи стабилно, ефикасно и без непотребни аларми.

👉 Податоците од таблицата се внесуваат во параметрите на VFD и нивната точност директно влијае на:
• заштитата
• контролата на вртежниот момент
• енергетската ефикасност
• животниот век на моторот
Клучни параметри што се критични при пуштање на VFD:

⚡ Номинална струја при полно оптоварување (FLA)
Оваа вредност е основа за правилно димензионирање на регулаторот и моторна заштита. Кај VFD, номиналната струја е често поважна од моќноста.

🔌 Број на фази
Најчести типови на асинхрони мотори се монофазни и трофазни, при што трофазните се најзастапени во индустриски апликации.

🔄 Фреквенција
Во Македонија стандардот е 50 Hz. Бидејќи брзината на моторот е директно поврзана со фреквенцијата, токму VFD овозможува нејзино прецизно регулирање.

⚙️ Брзина на вртење (RPM)
Брзината зависи од фреквенцијата и бројот на полови на моторот. Кај 50 Hz синхроните брзини најчесто се:
• 2 полови → ~3000 RPM (реално ~2900)
• 4 полови → ~1500 RPM (реално ~1450)
• 6 полови → ~1000 RPM (реално ~960)
• 8 полови → ~750 RPM (реално ~720)
Поради пролизгување, реалната брзина секогаш е малку помала. Овој параметар е основа за правилно скалирање на брзината во VFD.

⚡ Моќност (kW)
Моќноста е основен параметар за избор на фреквентен регулатор, но секогаш треба да се разгледува заедно со номиналната струја и апликацијата. Ист мотор со иста моќност може да бара различен VFD во зависност од товарот и режимот на работа.

📈 Сервисен фактор
Покажува колкава краткорочна резерва има моторот. Важно при подесување на лимити и заштити во регулаторот.

🔧 Начин на поврзување
Начинот на поврзување дава информации како моторот правилно да се поврзе со соодветен VFD. Некои мотори се наменети за повеќе напонски подрачја, па затоа може да има повеќе начини — најчесто поврзување во ѕвезда (Y) или триаголник (Δ). Важно е внимателно да се избере точниот начин — погрешно поврзување може да предизвика оштетување на моторот.

✅ Пред избор или пуштање на VFD, секогаш почнете од таблицата на моторот — таму се одговорите.

❗ Сѐ уште имате дилеми?
Контактирајте не — заедно ќе избереме и соодветно ќе подесиме VFD за вашиот мотор.

🔧 Aвтоматизација на машини за комплетирање на производ со премиум SIEMENS технологијаВо HAS Инженеринг започнавме сериск...
26/11/2025

🔧 Aвтоматизација на машини за комплетирање на производ со премиум SIEMENS технологија

Во HAS Инженеринг започнавме сериско производство на електро-ормари за автоматика, наменети за индустриски машини за комплетирање на производи.

🟦 Главни компоненти што ги користиме:
🔹 SIMATIC S7-1500 CPU 1512C-1 PN – најсовремена PLC контрола со брза обработка, PROFINET, проширена логика и функционалност.
🔹 SIMATIC HMI TP1200 Comfort Panel – 12” висококвалитетен екран на допир за прегледнa и интуитивна визуелизација.
🔹 SIRIUS Safety Relay – Advanced Series – доверлива сигурносна заштита.
За серво погони:
🔹 SINAMICS PM240-2 Power Modules – моќни и доверливи напојувачки единици со висок капацитет на оптоварување.
🔹 Control Unit CU305 PN – SINAMICS S110 – PROFINET комуникација, идеална за брзи и прецизни погонски апликации.
🔹 SIMOTICS S-1FK7 и S-1FG1 серво мотори / серво редуктори – врвни серво погони, ATEX опција, за максимална прецизност и динамика.

💡 Освен изработката на ормарите, ние целосно ги развиваме и PLC програмите и HMI визуелизациите за самите машини – обезбедувајќи комплетно решение подготвено за работа.

✅ Ако ви треба индустриска автоматика со врвни перформанси – ние го имаме решението.

❗ Автоматизација на линија за пресување прашкаст материјалЕден од нашите најсериозни проекти: производствена линија за п...
14/11/2025

❗ Автоматизација на линија за пресување прашкаст материјал

Еден од нашите најсериозни проекти: производствена линија за пресување на прашкаст материјал, единствена во 🌍 од ваков тип, составена од четири станици – дозирање, пресување, избивање и чистење, со производствен капацитет до 4000 парчиња по смена.

☑️ PLC конфигурација Delta AS 200 Series → 212 дигитални I/O точки, 22 аналогни I/O точки, 6 влезови за ваги/тежински ќелии
☑️ 12 серво драјвери Delta ASDA-B3A на CanOpen комуникација, впарени со серво мотори
✅ паметно дозирање и мешање по рецепти и PID регулација за максимална прецизност и повторливост
✅избивање на производи со два серво мотори во master/slave спрега
✅ прецизно позиционирање на главниот транспортен систем,синхронизирано со работата на секоја станица
☑️Инвертер DELTA MS300 за движење на хидраулична преса и управување по позиција.
☑️HMI интерфејс 12” DELTA DOP112MX со целосен преглед на процесот, трендови, аларми и параметри.
☑️Далечински пристап за мониторинг и сервис.
☑️Самодијагностика и напредна заштита (притисок, позиција, оптоварување, температура).
☑️Индустриски стандарди за безбедност

Со овој проект уште еднаш докажавме дека вредноста што ние ја создаваме е клучна за стабилна, ефикасна и безбедна работа на комплексни машини.

Бидете и Вие наш клиент!

❗ Aвтоматизиравме фабрика за производство на суви готови малтери и градежни лепилаПроектот опфаќа развој и изведба на ин...
28/10/2025

❗ Aвтоматизиравме фабрика за производство на суви готови малтери и градежни лепила

Проектот опфаќа развој и изведба на интегриран SCADA систем - Diaview SCADA во комуникација со повеќе Delta AS200 PLC уреди, Delta ME300 фреквентни регулатори и останата процесна опрема, со преку 600 I/O точки, вклучувајќи тежински ќелии и ваги.

Системот овозможува:
✅ Управување и следење на силоси (високо/ниско ниво, филтри, флуидизација)
✅ Контрола на кофичест елеватор, полжавести транспортери и вибро-мотори
✅ Прецизно дозирање и мешање на песок, везива и адитиви преку дефинирани рецепти
✅ Автоматизирано управување со миксер, клапни и транспортери
✅ Аспирација со центрифугален вентилатор и програматор за филтри
✅ Надзор на притисок, аларми и други безбедносни сигнали
✅Напредни хронолошки извештаи за производство

Придобивки ❓
☑️ Визуелизација и оптимизација на производството, елиминација на грешки.
☑️ Висока ефикасност, стабилна и сигурна работа со најновите Delta Electronics решенија за индустриска автоматизација.

💪 Автоматизација на Трансфер Преса со номинална сила од 500 kN ✅ Во срцето на решението се наоѓа SIMATIC S7-1500T (6ES7 ...
14/10/2025

💪 Автоматизација на Трансфер Преса со номинална сила од 500 kN

✅ Во срцето на решението се наоѓа SIMATIC S7-1500T (6ES7 518-4TP00-0AB0) – најмоќниот и најнапреден MOTION PLC контролер на Siemens, дизајниран за брзи апликации и неприкосновена синхронизација на повеќе оски во реално време.

☑️ За погонската страна е задолжен SINAMICS S120 мултимотор серво систем, кој овозможува прецизно и координирано управување со повеќе серво мотори преку една контролна единица.

✅ Проектот ги опфати сите инженерски фази – од дизајн и изработка на електро-ормар по највисоки стандарди, до поврзување на опрема во поле, интеграција, програмирање и пуштање во работа на оваа комплексна машина.

❗ Гордост е што вакви проекти се дел од нашето портфолио.
Тие се најдобар доказ дека на нашите клиенти им нудиме решенија изработени со најсовремената технологија достапна на пазарот во нашата бранша.

🚀 355kW - голема моќност – голема доверба! 💡Нашите клиенти не ангажираа за реализација на индустриски проект во класата ...
22/05/2025

🚀 355kW - голема моќност – голема доверба! 💡

Нашите клиенти не ангажираа за реализација на индустриски проект во класата на фреквентни регулатори со висока моќност, т.н. BIG DRIVES:

✅Изработка на команден ормар за управување со центрифугална пумпа:
➡Фреквентен регулатор DELTA CP2000, моќност: 355kW / 683A
➡Вграден PLC контролер со напредна логика и ПИД регулација по притисок
➡Мониторинг на температурa на намотки и лежишта на мотор
➡HMI екран на допир – целосна визуелизација и подесувања
✅ Поврзување на лице место, тестирање, пуштање во работа

Проектот е уште еден доказ дека сме подготвени за предизвици.
Доверете ни се и вие – ние нудиме решенија што функционираат!

Address

Ulica Nikola Parapunov Br. 3A-17/2
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 09:00 - 17:00
Tuesday 09:00 - 17:00
Wednesday 09:00 - 17:00
Thursday 09:00 - 17:00
Friday 09:00 - 17:00

Telephone

+38970805145

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when ХАС Инженеринг posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to ХАС Инженеринг:

Share