06/05/2021
Драги Frontend девелопери,
Steets е холандска full-service агенција која спојува близу 40 експерти помеѓу своите канцеларии во Вејнендал и Скопје. Заедно со нашите клиенти ги јакнеме нивните брендови на долг рок со мешавина на offline и online, социјални и мобилни медиуми. За нас луѓето се на прво место и веруваме дека инвестицијата во квалитетен кадар и здрав тимски дух е вистинскиот начин да испорачаме врвно искуство за нашите клиенти.
На нашиот тим во Скопје му треба напредна и амбициозна личност која посакува да ни се приклучи и да ја развива својата кариера како Front-end девелопер во една од најпрогресивните работни атмосфери во IT индустријата во Македонија и поширокиот регион.
Околу работата
Во секојдневната соработка помеѓу Холандија - Македонија, изработуваме решенија кои може да се поделат во три категории:
· Прилагодени (custom) проекти
Развиваме custom веб-страни, веб-шопови и веб-апликации. Заедно со клиентот креираме план за успех без разлика дали целта е генерирање повеќе lead поени, продажби преку нивното API, правење на поефикасни интерни процеси итн.
· Одржување и развој на постоечки апликации
Клиентите што го оутсорсираат нивниот дигитален маркетинг кај нас имаат редовна потреба од промени и одржување на нивната апликација. Додека пак, маркетинг агентите имаат за цел да изнаоѓаат нови и подобри начини да се разберат посетителите и заедно со тебе да создатете решение кое ќе го овозможи тоа.
· Развивање на алатки
Со цел да им помогнеме на нашите клиенти, потребни ни се соодветни алатки. Потребните алатки варираат од e-mail маркетинг систем, прикажување на прилагодена содржина на посетителите, додавање на CMS функционалности итн.
Ти…
· Имаш добро познавање од HTML и CSS3
· Запознаен/а си со пред и пост процесорите SASS и Autoprefixer
· Ја разбираш логиката позади CSS методологиите, како BEM и OOCSS
· Знаеш JavaScript и запознаен/а со ES6
· Имаш познавања од од jQuery платформата, но можеш да создадеш и pixel perfect веб страни без неа
· Имаш познавања од алатките Gulp, Webpack и / или Grunt
· Имаш искуство со контролирањето на верзии, по можност Git во комбинација со Bitbucket и Sourcetree
· Ги следиш најновите технологии и сакаш да го споделуваш знаењето со колегите
Ние нудиме…
· 40 часа неделно исполнети со предизвици
· Kонкурентна плата и бенефиции
· Сесии за споделување на знаењa
· Патување до Холандија за тим-билдинг и тренинзи
· Поддржувачка и забавна работна атмосфера
· Можности за постојан напредок и кариерен развој
Ако сето ова звучи одлично за тебе, аплицирај тука или преку e-mail на [email protected]
Со нетрпение очекуваме да те запознаеме подобро!
Тимот на Steets
www.steets.nl