Ultra / Ултра

Ultra / Ултра Software solutions pioneer in Macedonia since 1990!

26/03/2025

💡 УЛТРА и УНЕТ – две компании, една визија, истата цел: да ги создадеме најдобрите IT решенија за иднината.
✅ Со чесна и посветена работа, повеќе од 3 децении вложувавме во технологија, знаење и луѓе.
🌍 Нашата визија се претвори во реалност, а нашиот придонес во развојот на ИТ индустријата во Македонија е немерлив.
🔗 Заедно создававме свет на нови можности, иновации и напредок!
🙏 Благодариме на сите што беа дел од ова неверојатно патување!
#35годиниУЛТРА 🎂 #30годиниУНЕТ 🎊 #Иновации 💡 #Партнерство 🤝 #Технологија 💻 #Развој 📈 #ИТиндустрија 🚀

😎Уште еден  #УЛТРА успешен  Social Day во нашата компанија во соработка со младинската организација Младите Можат - Yout...
08/06/2024

😎Уште еден #УЛТРА успешен Social Day во нашата компанија во соработка со младинската организација Младите Можат - Youth Can ! 🎉

👩‍🏫Младите средношколци од САБА - Приватно средно училиште / SABA Private high school се запознаа со нашата корпоративна култура, бизнис средината и работните задачи на повеќе сектори во компанијата.

🌐Нашите инженери им ги објаснија типовите на сервери, меморија и мрежи, како и безбедносни мерки против сајбер напади. 👨‍💻Колегите програмери им ги разјаснија придобивките на различните програмски јазици како и генерирање и работа со бази на податоци.

👩‍💼Заедно со проект-менаџерите ги согледаа функциите на организациониот менаџмент и ефективно управување со ресурси. 🎮Имаа и множност да се стекнат со основни вештини и знаење за креирање и програмирање на веб страници и веб дизајн од страна на Unet/Унет девелоперите!

🥰Им се заблагодаруваме на сите учесници и продолжуваме да поддржуваме проекти за едукација и да ја негуваме нашата соработка со младите и младинските организации!

🔴Отворена е нова позиција за ПРОГРАМЕР (DELPHI/SQL)🤓Бараме нови мотивирани и динамични колеги кои имаат желба за иноваци...
06/02/2024

🔴Отворена е нова позиција за ПРОГРАМЕР (DELPHI/SQL)
🤓Бараме нови мотивирани и динамични колеги кои имаат желба за иновации и континуирано надоградување! 😁
📧Прати ни го твоето CV на [email protected] и стани дел од нашиот #Ултра тим! 👩‍💻
👉За подетални информации околу огласот посети ја нашата веб страница : https://cutt.ly/9wX1Sxd1

🎉Да се биде "Родово одговорен работодавач" е големо признание на кое сме навистина горди! 🥰 Во 2024, продолжуваме со ист...
22/01/2024

🎉Да се биде "Родово одговорен работодавач" е големо признание на кое сме навистина горди! 🥰 Во 2024, продолжуваме со истото темпо, со еднакви можности за успех за сите наши вработени и позитивна работна средина! 🚺🚹✅️

#направичекор #ЕУзаТЕБЕ

💯Бараме Front-End Developer со страст за создавање исклучителни кориснички искуства. Како клучен член на нашиот тим за р...
29/08/2023

💯Бараме Front-End Developer со страст за создавање исклучителни кориснички искуства. Како клучен член на нашиот тим за развој, ќе бидете одговорни за градење и одржување на иновативни веб-апликации користејќи React и Angular.😊
👉За повеќе информации околу огласот посетете ја нашата веб страница: https://ultra.com.mk/front-end-developer/

🎉Чест ни е што сме дел од веселата приказна на Dancers United - Dance & Fitness Studio за промовирање на инклузија преку...
12/06/2023

🎉Чест ни е што сме дел од веселата приказна на Dancers United - Dance & Fitness Studio за промовирање на инклузија преку💃танцот! 💜Големо БРАВО за сите прекрасни танчери и за организаторите!🧡💛🎈🤩 Aneta Peseva Ilina Sekovska Unet/Унет

🔴Ultra / Ултра заедно со шпанската компанија 🇪🇸 Lleida.net  организираа настан насловен „Автоматизација на препорачани д...
12/05/2023

🔴Ultra / Ултра заедно со шпанската компанија 🇪🇸 Lleida.net организираа настан насловен „Автоматизација на препорачани дигитални комуникации“. Беше презентирано решението на Lleida.net кое обезбедува препорачана достава на документи со што се овозможува поедноставување на деловните процеси преку воведување на комуникација кон корисниците со препорачани СМС и е-маил.📧

🔴На овој начин, се приближуваме кон светските трендови каде електронските комуникации добиваат статус на правно обврзувачки документи. 👉 Дигитално потпишување на договори, достава на решенија, одлуки и други акти, како и е-нотификации се само дел од услугите. 🔎Интегрирањето на ова решение во деловните процеси на компаниите и институциите, како и дигитализирањето на нивните услуги, овозможува зголемување на брзината на достава, намалување на фиксните трошоци и придонесува кон “зелена дигитализација”. 🌳

🔴Претставници од Адвокатско Друштво Пепељугоски/Law Office Pepeljugoski ја објаснија 🇪🇺 ЕУ регулативата (eIDAS), законот за заштита на лични податоци, како и правно издржаните елементи на решението. Според интерпретирањето на постоечката национална законска регулатива, Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги, доказот за препорачана достава може да се третира како валиден. ⚖️

🔴На настанот присуствуваа повеќе од 70 претставници од осигурителни компании, банки, министерства, судови, регулаторни тела, претставници на коморите на извршители и нотари, како и членови од академската заедница.🤝

🔴Нашата цел е да го трансформираме и олесниме процесот на препорачана достава на документи и поедноставување на деловните процеси во 🇲🇰!

🔴Ви благодариме на сите што учествувавте!🥰

🔴  #Ултра Јован веќе 2 години има успешна соработка со колегата Дино од Unet/Унет! 😎🌐Како експерт за сервери поточно за ...
16/03/2023

🔴 #Ултра Јован веќе 2 години има успешна соработка со колегата Дино од Unet/Унет! 😎
🌐Како експерт за сервери поточно за VMWare, Linux и Webmin, Јован има потесна соработка со Дино за инсталација и конфигурација на Windows/Linux VPS, Shared Сервери, инсталација на SSL сертификати. 👩‍💻

🍀Дино е млад експерт за web development, WordPress технологија, хостинг, оптимизација на веб страни. Тој е секогаш достапен за комуникација со клиентите кои се соочуваат со некој проблем на нивните веб страни.🧑‍💻

🤖Покрај истражување на светот на хардверот, Јован е голем фан на психолошката литература и книгите за личен развој,🏍 а Дино обожава да се издува со неговиот мотор по адреналинските патишта низ Македонија и низ целиот Балкан.

✅Сметаат дека да се биде одговорен, вреден и дисциплиниран се главни карактеристики кои треба да ги поседуваат сите млади професионалци кои успешно сакаат да напредуваат во својата професија! 🌐

🧑‍💻Луција и Иван веќе 1 година заедно програмираат  ! Иван е повеќе од 3 години со нас, а Луција својата 3-месечна пракс...
22/02/2023

🧑‍💻Луција и Иван веќе 1 година заедно програмираат ! Иван е повеќе од 3 години со нас, а Луција својата 3-месечна пракса ја претвори во прво вработување, #Ултра вработување!😃

✅Луција научи многу за програмирањето од Иван, кој пак смета дека 🤝 “Работењето напорно е клучен дел за да се биде добар соработник. Со тоа му помагате на вашиот тим да ги исполни своите цели. Вложувањето на целосниот труд на работа брзо се забележува и се цени од другите”.🧠

🍀 #3 зборови со кои Иван би ја опишал Луција се: дисциплинирана, снаодлива и внимателна, а таа пак би го карактеризила Иван како одговорен, културен и позитивен!🤩

🟥Кариерното надоградување и пријатната работна атмосфера меѓу колегите се во срцето нашата #Ултра корпоративна култура која со години ја негуваме! 🥰

Address

Partizanski Odredi 70b
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 09:00 - 17:00
Tuesday 09:00 - 17:00
Wednesday 09:00 - 17:00
Thursday 09:00 - 17:00
Friday 09:00 - 17:00

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Ultra / Ултра posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Ultra / Ултра:

Share