Fibernet MK

Fibernet MK ФИБЕРНЕТ М-К
[email protected]
[email protected]

ПРОДАЖБА - СЕРВИС - ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА - ИЗВЕДБА - ИСПОРАКА - МОНТАЖА

- Дизел електрични генератори
- Уреди за непрекинато напојување - UPS
- Структурни кабелски системи
- Фибер оптичка комуникација
- Противпожарни системи
- Панично осветлување
- Контрола на пристап и евиденција на работно време
- Електрични инсталации
- Видео надзор
- IP телефонија
- Телекомуникациски кабинети и електрични ормани
- Дата центри
- Прецизна климатизација

МОНТАЖЕР НА СЛАБОСТРУЈНИ И ЈАКОСТРУЈНИ ИНСТАЛАЦИИ - КАВАДАРЦИСе бараат работници (со и без работно искуство) од Кавадарц...
19/02/2026

МОНТАЖЕР НА СЛАБОСТРУЈНИ И ЈАКОСТРУЈНИ ИНСТАЛАЦИИ - КАВАДАРЦИ
Се бараат работници (со и без работно искуство) од Кавадарци, Неготино, Росоман, Демир Капија и Велес

Лични податоци:

Дали знаете дека ние нудиме:👇👇Дизел електрични генератори ✅Уреди за непрекинато напојување ✅Структурни кабелски системи ...
12/06/2025

Дали знаете дека ние нудиме:

👇👇

Дизел електрични генератори ✅
Уреди за непрекинато напојување ✅
Структурни кабелски системи ✅
Фибер оптичка комуникација ✅
Противпожарни системи ✅
Панично осветлување ✅
Контрола на пристап и евиденција на работно време ✅
Електрични инсталации ✅
Видео надзор ✅
IP телефонија ✅
Телекомуникациски кабинети и електрични ормани ✅
Дата центри ✅

We live technology ⚡️

За повеќе информации контактирајте не на:

(0)2 2403-100 📞
[email protected] ✉️
Www.fibernet.mk 🌐

За потребите на едно познато казино во населеното место Илинден во Скопје нашиот тим од стручни електричари во областа и...
11/06/2025

За потребите на едно познато казино во населеното место Илинден во Скопје нашиот тим од стручни електричари во областа изработија ормар кој е составен од GRT мрежа и GRT генератор кој во него има два ATS изводи за УПС со механички BYPASS.

Намената на оваа табла е доколку има недостаток на електрична енергија во објектот истите потрошувачи да се преземат на УПС уредот, односно додека се вклучи генераторот, а потоа потрошувачката целосно да се префрли на генераторот.

Исто така наша екипа изврши инсталирање на УПС систем од брендот APC by Schneider electric додека моделот е EASY UPS со моќност од 30 KVa.

Трета наша екипа пак, изврши испорака и инсталација на дизел електричен генератор од брендот AKSA, модел APD70BD со моќност од 56 kW.

We live technology ⚡️

Реализиран уште еден успешен проект од страна на ФИБЕРНЕТ 👏Станува збор за објектот на светскиот бренд Новоматик на кој ...
09/06/2025

Реализиран уште еден успешен проект од страна на ФИБЕРНЕТ 👏

Станува збор за објектот на светскиот бренд Новоматик на кој нашата компанија работеше неколку месеци во континуитет.

Целата успешна приказна прочитајте ја ТУКА:

👇👇

https://fibernet.mk/novomatik-prisposoben-za-rabota-spored-site-svetski-standardi/

We live technology ⚡️

24 Мај — Ден на словенските просветители Св. Кирил и Методиј 📖Денес го славиме богатството на јазикот, писменоста и култ...
24/05/2025

24 Мај — Ден на словенските просветители Св. Кирил и Методиј 📖

Денес го славиме богатството на јазикот, писменоста и културата. Денес оддаваме почит на светите браќа Кирил и Методиј, кои ни го подарија писмото — темелот на нашето образование, идентитет и духовност.

Нивната мисија не беше само азбука, туку мост меѓу народите, знаењето и вредностите.

Нека нивното дело нè инспирира секојдневно да учиме, да создаваме и да се гордееме со нашиот јазик и културно наследство.

Честит 24 Мај – Ден на словенските просветители!

За да се обезбедат континуирани телекомуникациски сервиси во услови на нестабилен довод од електрична енергија неопходно...
23/05/2025

За да се обезбедат континуирани телекомуникациски сервиси во услови на нестабилен довод од електрична енергија неопходно е беспрекорно одржување на генераторскиот back up вклучително и услугата дотур на гориво по базните станици 🔋

Еден таков редовен сервис направија нашите теренци на базната станица Ерџелија во светиниколско уживајќи во зајдисонцето и погледот на облаците во далечина 🌅

Нашите херои на терен 💪 честопати се сведоци на недопрената природа која ја поседува нашата убава Македонија 🇲🇰

We live technology ⚡️

ФИБЕРНЕТ успешно инсталираше два електрични полначи за автомобили во еден познат автомобилски сервис објект во нашиот гл...
22/05/2025

ФИБЕРНЕТ успешно инсталираше два електрични полначи за автомобили во еден познат автомобилски сервис објект во нашиот главен град 🔌

Истите се од моделот KEBA P30, а освен овие два кои беа монтирани, во истиот објект претходно имаме инсталирано уште три полначи кои се на различни места низ објектот, со што вкупната бројка на инсталирани електрични полначи е пет 🔋

Се повеќе компании од година на година имаат стратешка улога во грижата за животната средина, а во остварување на нивната зелена агенда ФИБЕРНЕТ ја има главната улога реализирајќи ги сите барања на нашите клиенти 🌿

We live technology ⚡️

Во моментов нашиот стручен кадар од електричари изготвува поголем број на електроормари за потребите на нашите клиенти. ...
21/05/2025

Во моментов нашиот стручен кадар од електричари изготвува поголем број на електроормари за потребите на нашите клиенти.

Во нашата работилница секојдневно се изработуваат ваков тип на ормари, но и многу други според потребите и барањата на нашите клиенти.

Ние како компанија која цели исклучиво кон врвен квалитет и безбедност на прво место за изработка на овие ормари ја користиме палетата на производи од реномираниот бренд Schneider Electric.

Нашите ормари се цврсти и сигурни, изработени од нерѓосувачки челик и обоени со синтетички материјали погодни за употреба во индустриски хали, во претпријатија или во мрежни околини.

На клиентите им овозможуваме заштеда на време за инсталација, благодарение на нивниот лесен и компактен начин на монтирање.

We live technology ⚡️

Реализиран уште еден успешен проект од страна на ФИБЕРНЕТ 👏Станува збор за новото модерно казино „CITY“ во новиот „GODI ...
19/05/2025

Реализиран уште еден успешен проект од страна на ФИБЕРНЕТ 👏

Станува збор за новото модерно казино „CITY“ во новиот „GODI RETAIL PARK“ кое неодамна започна со работа 🎰

Во период од два месеци континуирана работа нашите екипи го завршија целосно објектот од почетна до крајна фаза, а се што е сработено е опишано во нашата објава на нашиот сајт.

Целата успешна приказна прочитајте ја во ТУКА:

👇👇

https://fibernet.mk/novo-moderno-kazino-city-vo-noviot-godi-retail-park/

We live technology ⚡️

Една од стручните екипи на Фибернет целосно изработи и изврши монтажа на базна станица во висина од 10 метри.Станува збо...
15/05/2025

Една од стручните екипи на Фибернет целосно изработи и изврши монтажа на базна станица во висина од 10 метри.

Станува збор за базната станица Караорман која е поставена на претходно изработена платформа со стаза на покривот од еден деловен објект во нашиот главен град.

Истата поседува и електро ормар за напојување со струја, а од наша страна беше извршен и довод на струја од главната доводна табла во овој објект.

Целта на оваа базна станица е подобрување на целуларната структура на мобилните оператори за постигнување на 5G сервиси до крајните корисници.

We live technology ⚡️

https://fibernet.mk/montazha-na-nova-bazna-stanica-vo-glavniot-grad-vo-visina-od-10-metri/

Вчеравечер во Скопје традиционално по 24-ти пат се одржа Виенскиот Бал на кои присуствуваше и менаџментот на компанијата...
11/05/2025

Вчеравечер во Скопје традиционално по 24-ти пат се одржа Виенскиот Бал на кои присуствуваше и менаџментот на компанијата ФИБЕРНЕТ 🇦🇹

Гостите во хотелот Александар Палас имаа можност да уживаат во виенскиот валцер, екстравагантноста на Штраус музиката како и со уметноста во која се чувствува легендарниот музички звук на Виена 🎻

Кулминација на богатата програмска вечер беше настапот на македонската поп дива Калиопи која ја доведе атмосферата на највисоко ниво 👑

И годинава балот во Скопје имаше хуманитарна димензија, со што донацијата ќе оди за Кочани 🙏

We live technology ⚡️

Address

Boris Trajkovski 117a
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 08:00 - 16:00
Tuesday 08:00 - 16:00
Wednesday 08:00 - 16:00
Thursday 08:00 - 16:00
Friday 08:00 - 16:00

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Fibernet MK posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Fibernet MK:

Share