03/09/2026
Лаптопот не се полни? Не го носи одма за поправка – донеси го за проверка.
Многу лаптопи завршуваат на поправка „затоа што умреле“, а всушност откажал полначот. Симптомите се исти: лаптопот не се полни, батеријата стои на ист процент, се гаси штом ќе го извадиш од струја, или воопшто не се пали. Кога адаптерот ќе престане да дава струја, лаптопот работи додека има батерија – и потоа „умира“. Кај Dell лаптопите има и уште еден типичен знак: пораката „AC power adapter wattage and type cannot be determined“ при палење, или лаптопот работи, но батеријата не се полни.
Затоа донеси го кај нас на проверка пред да платиш поправка. Го тестираме со исправен полнач и веднаш се гледа дали проблемот е во адаптерот или во лаптопот. Ако е само адаптерот – го заменуваш на лице место и лаптопот си оди дома исправен.
Адаптер за лаптоп DELL 19.5V 4.62A / 90W, приклучок 4,5 × 3,0 mm (со централен пин). Квалитетна компатибилна замена за оригиналниот полнач. Одговара на Dell лаптопи со приклучок 4,5 × 3,0 mm – Inspiron, Latitude, Vostro, XPS и други модели. Бидејќи напонот е ист (19,5 V), со 90 W може да ги замени и оригиналните адаптери од 45 W и 65 W со ист приклучок.
Спецификации:
Напон: 19,5 V
Струја: 4,62 A
Моќност: 90 W
Приклучок: 4,5 × 3,0 mm
Пакување: кутија, заедно со напонски AC кабел
Гаранција: 6 месеци
Пред да нарачаш, провери го приклучокот на стариот полнач или прати ни го моделот на лаптопот – ќе ти потврдиме дали одговара.
SAAF – делови за лаптопи и електроника, Скопје
Нарачки и прашања: +389 76 361 700
#полначзалаптоп #адаптерзалаптоп #лаптопнесеполни #деловизалаптопи #лаптопскопје #сервисналаптопи #Скопје #Македонија