Дуна Компјутери е водечка македонска IT компанија која што обезбедува целосни решенија за интеграција и одржување во компаниите, мобилни решенија и управување со документи. Во своето 20 годишно работење, Дуна Компјутери се разви во експерт за корпоративни проекти и е позната по своите софтверски решенија за мобилна дистрибуција.
Дуна Компјутери е ексклузивен увозник на светски познатите брендови:
- Apple,
- RICOH,
- OKI,
- Psion,
- Motorola,
- Clasus Interactive Whiteboards,
- Brahler ICS,
- Tentnology;
- Garmin;
- HP и Dell партнер;
- Adobe и Corel партнер;
- фискални каси Маестрал и Пелистерец
- ERP софтверот ULTIMA
Facebook фан страницата на Duna е наменета исклучиво за рекламни цели на Дуна Компјутери и не е одговорна за содржините кои се поставени од страна на фановите на истата.
Коментарите, мислењата како и сите материјали, но и оние содржини со навредлив карактер кои ги поставуваат фановите на Facebook фан страницата на Duna го застапуваат само личното мислење на поединците, а по никој основ ставот на компанијата, и според тоа, тие поединци се одговорни за поставувањето на горенаведените содржини.
Дуна Компјутери го задржува полното право без претходно известување да го отстрани оној материјал од Facebook фан страницата на Duna кој ќе го оцени за навредлив за фановите на страницата на било кој начин (врз основа на пол, раса, економски статус или пак политичка определба).
Дуна Компјутери може да прибира, обработува, користи и чува лични податоци во согласност со Законот за заштита на личните податоци, и во согласност со oстанатите прописи на Република Македонија. Сите лични податоци од профилите на корисниците на никаков начин и за никаква цел нема да бидат искористени вклучувајќи статистички или пак маркетиншки цели на Дуна Компјутери.