ZONEL Software

ZONEL Software http://www.zonel.com.mk
Официјална страна на ZONEL Software.
Професиона? http://www.zonel.com.mk

Зонел Софтвер е софтверска компанија која постои од 1992 година. Нашите решенија ги користат преку 2000 клиенти од најразличен профил – трговија, услуги, производство, книговодство, угостителство, маркетинг, државни институции, банки и други финансиски институции.

Наша специјалност се програми за сметководствено, материјално и комерцијално работење со изобилство од менаџерски ориентирани извештаи

. Нашите софтверски решенија се применливи во секој вид на компанија или индустрија.

Нашата мисија е да ги реализираме потребите на нашите Корисници и да испорачаме решенија кои ги интегрираат тие потреби во нашите софтверски решенија. Во Зонел Софтвер ние не испорачуваме само софтвер – ние ја испорачуваме комуникацијата, вниманието и грижата за потребите на нашите клиенти и по купување на некое од нашите решенија.

Затоа, апсолутно можете да се потпрете на фактот дека не сте „само уште еден клиент“. Ќе добиете една од најперсонализираните услуги кои некогаш сте имале прилика да ги добиете и не само заради фактот што тоа е правило на нашата компанија.

Нашите решенија опфаќаат:

Финансово работење – се’ што е поврзано со сметководството; пресметка на плати; автоматско книжење на влез, излез, плати, благајничко работење; основни средства, камати; автоматско составување завршни пресметки, бруто биланс, заклучни листови, ДДВ Аконтативна пријава…

Материјално работење – целосна евиденција на залихи, продажба и промет, влез и излез на роба, магацини, продавници. Сите потребни извештаи за менаџментот.

Програм за каси – работење во продавница/ресторан, влез и излез на роба, анализа на промет; може да работи засебно или со автоматска поврзаност со материјалното работење и финансовото работење. За ресторан – работа со маси, раздолжување по нормативи…

Ресторанско работење со Android Tablet уреди – Создадовме две апликации:

Гостинска – самите гости преку уредот прават порачки кои се печатат на маркер принтерите во кујна/шанк, со што се избегнува чекање келнер за порачка.
Келнерска – келнерите одат од маса до маса со уредот и прават порачки директно на уредот. Порачаката се печати на маркер принтерите во кујна/шанк… Келнерот преку уредот има увид кои маси се отворени и што е порачано. HELIX за мобилни/PDA уреди – HELIX Mobile – амбулантна продажба и теренска наплата – за секој вид трговија на големо и дистрибуција до купувачи, прием и продажба во магацин, попис, ресторанско работење. Автоматско следење на работата на секој дирстрибутер од централна мониторинг локација, тековен увид во сите изработени фактури, посетени купувачи и извршени наплати. ZONEL GPS System – on-line поврзаност со мобилните уреди, преглед на моментална локација или минати движења…

Доработки по желба на корисниците.

За какви било прашања или консултации Ви стоиме на располагање.

📊 Колку навистина Ве чини работењето во Excel?Со ERP Калкулаторот за неколку минути пресметајте колку време и пари губит...
12/06/2026

📊 Колку навистина Ве чини работењето во Excel?

Со ERP Калкулаторот за неколку минути пресметајте колку време и пари губите поради рачни процеси и колку можете да заштедите со ERP решение.

Проверете бесплатно 👉 https://www.zonel.com.mk/2026/02/25/erp-calculator/

#ДигиталнаТрансформација

📢 Третата фаза на е-Фактура е веќе започната.УЈП го отвори процесот за тестирање, а рокот 1 октомври 2026 се приближува ...
10/06/2026

📢 Третата фаза на е-Фактура е веќе започната.
УЈП го отвори процесот за тестирање, а рокот 1 октомври 2026 се приближува побрзо отколку што изгледа.
Прашањето не е дали Вашата компанија ќе треба да се прилагоди.
Прашањето е дали ќе започнете навреме.
🎥 Подготвивме бесплатна снимка од вебинарот „е-Фактура со AI и дигитална трансформација со HELIX“, каде што ќе дознаете:
✔ Што конкретно воведува УЈП
✔ Кои се роковите и обврските
✔ Како да ја подготвите компанијата навреме
✔ Како HELIX ERP ја поддржува е-Фактурата
✔ Како автоматизацијата и AI можат да ја намалат административната работа
📋 Дополнително, можете да побарате и бесплатна проценка на подготвеноста на Вашата компанија за е-Фактура.
Не го чекајте последниот момент.
е-Фактурата е обврска. Дигиталната трансформација е можност.
👉 Погледнете го вебинарот и побарајте бесплатна проценка: http://www.zonel.com.mk/2026/06/10/e-faktura-3-faza/

📊 Вашиот бизнис е единствен. Зошто тогаш да се ограничувате на однапред дефинирани извештаи?Со Креатор ПЛУС  во HELIX до...
02/06/2026

📊 Вашиот бизнис е единствен. Зошто тогаш да се ограничувате на однапред дефинирани извештаи?
Со Креатор ПЛУС во HELIX добивате можност сами да ги креирате извештаите кои Ви се потребни, со податоци, филтри и прикази прилагодени на Вашето работење.
✅ Персонализирани извештаи
✅ Анализи во реално време
✅ Напредни визуелизации
✅ Пристап преку веб
✅ Брзо донесување подобри деловни одлуки
Дознајте повеќе:https://www.zonel.com.mk/2026/06/02/kreator-plus-2/

Креатор ПЛУС – новата генерација на деловни извештаи
#Извештаи #ДигиталнаТрансформација

📢 Одржавме презентација за е-Фактурата, промените кои следуваат и начините како компаниите едноставно и навремено да се ...
21/05/2026

📢 Одржавме презентација за е-Фактурата, промените кои следуваат и начините како компаниите едноставно и навремено да се прилагодат на новиот модел на работа.

Настанот беше организиран од сметководственото биро БЕ&ХА Конт, а присутните компании имаа можност да се запознаат со решенијата на ЗОНЕЛ Софтвер и HELIX ERP за полесна, побрза и поефикасна дигитална трансформација.

Благодарност до БЕ&ХА Конт и сите присутни за одличната дискусија и интересот.

#ЗОНЕЛСофтвер #еФактура #ДигиталнаТрансформација

📢 Новиот модел на е-Фактура доаѓа.Доаѓа новата e-фактура со AIПрашањето не е дали компаниите ќе треба да се прилагодат —...
18/05/2026

📢 Новиот модел на е-Фактура доаѓа.
Доаѓа новата e-фактура со AI
Прашањето не е дали компаниите ќе треба да се прилагодат — туку колку брзо и успешно ќе го направат тоа.
На бесплатниот вебинар на ZONEL Software ќе зборуваме за:
✔ регулатива и рокови
✔ HELIX ERP и е-Фактура со AI
✔ AI и автоматизација
✔ дигитална трансформација
✔ Power BI аналитика
✔ Аутопилот во HELIX ERP
🎁 Сертификат за учество + бесплатна проверка за подготвеност
📅 Датум: 20.5.2026 (среда)
🕒 Време: 19:00
👉 Пријавете се: https://www.zonel.com.mk/2026/05/13/e-faktura-so-ai/

📍 ЗОНЕЛ Софтвер беше дел од Третата регионална конференција на ИСОС –„Генерација со визија – Професија со иднина“, каде ...
08/05/2026

📍 ЗОНЕЛ Софтвер беше дел од Третата регионална конференција на ИСОС –
„Генерација со визија – Професија со иднина“, каде што преку својот штанд ги презентиравме најновите решенија за дигитална трансформација на компаниите.

Посебен интерес предизвикаа:
✅ примената на AI функционалности во HELIX ERP
✅ решенијата за е-фактура и дигитална размена на документи
✅ дигиталното поврзување помеѓу сметководителите и нивните клиенти
✅ автоматизацијата на деловните процеси и пристапот до информации во реално време

Во време кога компаниите бараат поголема ефикасност, автоматизација и подобра контрола на работењето, дигиталната трансформација повеќе не е опција – туку неопходност.
Им благодариме на сите посетители, партнери и професионалци со кои разменивме идеи, искуства и визии за иднината на сметководството и бизнисот.

📉 70% од веб продавниците губат време поради рачно внесување и несинхронизирани податоци.Дали и ти се соочуваш со:❌ греш...
23/04/2026

📉 70% од веб продавниците губат време поради рачно внесување и несинхронизирани податоци.

Дали и ти се соочуваш со:
❌ грешки во нарачки
❌ различни залихи
❌ дупла работа

Компаниите што веќе користат интегрирана веб продавница со HELIX ERP работат побрзо и со помалку грешки.

✅ автоматски нарачки
✅ реални залихи
✅ целосна контрола

👉 Види како:
[https://www.zonel.com.mk/2026/04/23/veb-prodavnica-2/](https://www.zonel.com.mk/2026/04/23/veb-prodavnica-2/)

Дали сте подготвени за е-Фактура?👉 http://www.zonel.com.mk/procenka-za-e-faktura/Новите регулативи доаѓаат, а многу комп...
31/03/2026

Дали сте подготвени за е-Фактура?
👉 http://www.zonel.com.mk/procenka-za-e-faktura/
Новите регулативи доаѓаат, а многу компании сè уште немаат јасна слика каде се.

👉 Пополнете ја кратката бесплатна проценка: http://www.zonel.com.mk/procenka-za-e-faktura/ и дознајте:
✔ колку сте подготвени
✔ каде имате ризици
✔ што треба да направите следно

📩 Ќе добиете краток извештај директно на вашиот е-маил.

Viber потсетување за заостанат долг – директно од ERP. 📲Со HELIX ERP можете со неколку клика да испраќате Viber пораки д...
13/03/2026

Viber потсетување за заостанат долг – директно од ERP. 📲

Со HELIX ERP можете со неколку клика да испраќате Viber пораки до коминтенти врз основа на селектирани фактури за одреден период.
Истата опција може да се користи и за промоции, попусти и маркетинг пораки.

Повеќе детали:
👉 http://www.zonel.com.mk/2026/03/13/viber

#наплата

📌 Теркови за книжење – мала поставка, големо влијание.Дали вашиот ERP систем:• автоматски ги креира точните книжења?• ја...
02/03/2026

📌 Теркови за книжење – мала поставка, големо влијание.
Дали вашиот ERP систем:
• автоматски ги креира точните книжења?
• ја следи вашата сметководствена логика?
• ви заштедува време или создава дополнителна проверка?
Правилно поставени теркови значат:
✔️ побрзо книжење
✔️ помалку грешки
✔️ конзистентни финансиски извештаи
✔️ подобра контрола
Во новиот текст објаснуваме како терковите влијаат на секојдневната работа во финансии и каде најчесто се прават грешки.
Прочитајте повеќе тука 👇
http://www.zonel.com.mk/2026/03/02/terkovi-za-knizenje-2
#Сметководство #Финансии #Автоматизација

Address

Васил Ѓоргов 34-1/3
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 08:00 - 16:00
Tuesday 08:00 - 16:00
Wednesday 08:00 - 16:00
Thursday 08:00 - 16:00
Friday 08:00 - 16:00

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when ZONEL Software posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share