17/10/2022
Друштвото за трговија и услуги Адванс Медија Дооел чија дејност е продажба на производи и услуги во доменот на електрониката, компјутерската опрема и бела техника, има потреба од агент за тендерска и директна продажба
Опис на работните обврски:
Следење на системот за е-набавки;
Секојдневно следење на новоизлезените тендери;
Следење и учество на електронски аукции;
Следење на пазарните и конкурентни цени
Собирање понуди од актуелните добавувачи и сумирање на најсоодветната понуда;
Подготовка на тендерска документација, односно подготовка на понуди и нивно поднесување во системот на е-набавки;
Дневен преглед на електронска пошта;
Водење дневник на работни задачи и обврски;
Подготовка на месечен план, негово остварување и доставување на планот до управителот;
Грижа за навремена наплата на доспеани побарувања од купувачите согласно месечниот план.
Организирање испорака на роба до коминтенти
Потребни квалификации:
Возачка дозвола Б категорија
Одлични комуникациски и продажни вештини;
Внимание на детали;
Одлични организациски способности;
Флексибилност и адаптибилност;
Способност за работа со временски рокови;
Високо ниво на одговорност и истрајност;
Одлично работење со компјутери и познавање на MS Office пакетот;
Ориентираност кон резултати;
Тимски играч
Кандидатите кои имаат искуство во тендерска продажба ќе имаат предност.
Доколку сметате дека сте вистински кандидат за оваа работна позиција, Ве молиме испратете ja Вашаta биографија на [email protected]