Komuna.dev

Komuna.dev Remote freelance developers

20/11/2025

Отворена позиција за Senior QA Automation Engineer

Работиме на систем за масовни нотификации (СМС, меил, тел. повици), и сакаме малку посериозно да се позанимаваме со QA автоматизација.

Проектот е за наш клиент од Велика Британија, за кој што работиме 9+ години, и моментално во Македонија имаме тим од 6 луѓе.

Ни треба човек што има искуство во областа, што ќе може да го постави целиот процес на QA автоматизација, пишување, извршување и одржување на тестови.

Апликацијата е пишувана во Django (бекенд) и Vue.js + Quasar (фронтенд), но сме отворени QA делот да го работиме во друга технологија (Cypress?).

Пријава на: [email protected]

Send a message to learn more

Вработуваме техничар за ИТ поддршка (ниво 2). Софтверот на кој што работиме е веб апликација за афилиејт маркетинг.Работ...
01/03/2025

Вработуваме техничар за ИТ поддршка (ниво 2). Софтверот на кој што работиме е веб апликација за афилиејт маркетинг.

Работата вклучува комуницирање со бизнис корисници кои ја користат нашата апликација, дијагностицирање на проблеми, и правење интеграции со надворешни АПИ сервиси. Интеграциите се кодираат во PHP/Laravel, и бараат основно познавање од програмирање и датабази.

Комуникацијата со клиентите се одвива преку Телеграм чет канали и Џира тикети. Понекогаш има и видео повици.

Работното време за прва смена е од 9:00 до 17:00, со доза на флексибилност.

Еднаш во неделата, наместо прва смена, се работи втора смена, од 16:00 до 22:00 (6 часа).

Работа од дома е дозволена, после првите неколку месеци на адаптација. Викенди не се работат.

Потребни квалификации:

- Одлично познавање на англиски јазик
- Способност за пристојна комуникација со клиенти, дури и во стресни ситуации
- Аналитички вештини
- Основни програмерски вештини
- Снаоѓање во информациски системи


Бонус вештини:

- Претходно работно искуство со афилиејт маркетинг
- Претходно работно искуство во техничка поддршка
- Познавање на HTTP протокол
- PHP
- SQL

Пријава на: [email protected]

21/04/2023

Комуна.дев им го честита празникот Рамазан Бајрам на сите колеги од Исламска вероисповест... вие си знаете кои сте, да не ве редиме тука сите што нарачувате пилешки увијачи.

Кој газда не би посакал вакви вработени. Filip Alempijevik, денес прославува 2 години откако стана човек. За само 2 годи...
03/04/2023

Кој газда не би посакал вакви вработени. Filip Alempijevik, денес прославува 2 години откако стана човек. За само 2 години работа во Комуна.дев, се прероди од просечен Ѓорчевец, што меша Бадел со Кока Кола, во рефиниран Карпошанец, кој пие розеви пенливи вина.

Го прогласуваме за вработен на месецот, за месец април 2023, и воедно ја користиме оваа прилика, да го објавиме неговото унапредување во шеф на сектор "HTML програмирање".

Бараме човек за изработка на маркетинг веб фанели. Потребни вештини: HTML, CSS, JavascriptБонус вештини: Пинг Понг, FIFA...
01/02/2023

Бараме човек за изработка на маркетинг веб фанели.

Потребни вештини: HTML, CSS, Javascript
Бонус вештини: Пинг Понг, FIFA PS5

Пријава на: [email protected]

Понуди и најди работа со ИТ Кариера!

Бараме програмер, огласот е отворен и за луѓе без работно искуство. Технологии: Python, PHP и Vue.jsПријава на: jobs@kom...
28/07/2022

Бараме програмер, огласот е отворен и за луѓе без работно искуство.

Технологии: Python, PHP и Vue.js

Пријава на: [email protected]

Понуди и најди работа со ИТ Кариера!

АК Комуна.дев продолжува да гази низ Македонија. Овој викенд на Охрид Трчат, не дозволивме прославата на нашиот патронен...
07/06/2022

АК Комуна.дев продолжува да гази низ Македонија.

Овој викенд на Охрид Трчат, не дозволивме прославата на нашиот патронен празник да го засени перформансот на патеките.

Оправдано отсутен беше Димитар Златановски, кој имаше ангажман околу месецот на гордоста 🏳️‍🌈. И ние сме горди на тебе Диме.

Зад секој успешен тим, стои успешен шеф... а кај нас, во Комуна.дев ги имаме најуспешните.Прв меѓу еднаквите, еден со вр...
02/06/2022

Зад секој успешен тим, стои успешен шеф... а кај нас, во Комуна.дев ги имаме најуспешните.

Прв меѓу еднаквите, еден со вработените, столб на претпријатието, најдобар во пинг понг, чест ни е да го претставиме нашиот драг и почитуван лидер, Мартин Талески.

Неговиот роденден, 4ти јуни, го славиме како наш патронат и го прогласуваме за неработен ден за сите наши вработени.

Address

Varshavska 13 V
Skopje

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Komuna.dev posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share