Најголем малопродажен ланец во Македонија на ИТ/АВ производи. Продажна филозофија: Само задоволниот корисник е вистинскиот успех на бизнисот.
Политика на цени: АМЦ - Секогаш најдобри цени!
АМЦ - Вистинско место за нова технологија
АМЦ располага со најголем избор на лаптопи, смарт телефони, таблети, телевизори, компјутери, компјутерска периферија и сите други ИТ и аудио/видео производи. Над 20 години лидер во Македонија во продажба на нова технологија, веруваме дека АМЦ е првата асоцијација на секој клиент кога треба да купува нов технолошки производ или со други зборови е ВИСТИНСКОТО МЕСТО за НОВА ТЕХНОЛОГИЈА.
Кога имате потреба од нов производ од нова технологија, било тоа да е лаптоп, нов паметен телефон, или иде светско па нов телевизор, рутер, компјутер, кабел, таблет или било што друго од нова технологија, вистинското место со најдобра цена е секогаш најблискиот салон на АМЦ. Во една позитивна атмосфера, ќе се обидеме да одговориме на сите ваши прашања, ќе го презентираме конкретниот производ, ќе го тестирате и во едно квалитетно позитивно корисничко искуство веруваме дека со задоволство ќе одлучите да купите.
WWW.AMC.COM.MK - Секогаш достапен за информирање и купување онлајн
Во секое време може да се запознаете со нашата понуда преку посета на нашиот сајт www.amc.com.mk . Се што гледате тука, значи го има во салоните на АМЦ, цените се секогаш точни, апсолутно внимаваме на точноста на спецификациите и ако го гледате производот на сајтот значи дека го има во салоните на АМЦ (секогаш во деталната страна на производ пишува во кои се салони го има). И да го нема во најблискиот салон со Вас, повелете во салонот, ќе го најавите и ви го повлечеме најчесто за еден до два дена.
Купи онлајн, БЕСПЛАТНА ИСПОРАКА ДО ДОМА
АМЦ први во Македонија воведоа онлајн купување преку својот сајт. Едноставно се регистрирате на сајтот, го додавате производот кој сакате да го купите во кошничката, ги следите инстукциите и лесно е и едноставно како ставање Like на Facebook :). Единствени во Македонија ја имаме опцијата: плаќање при превземање што значи дека го плаќате уредот кога ќе ви пристигне дома на врата, секако со бесплатна испорака до вашиот дом.
АМЦ на Facebook
Преку оваа страница секојдневно ги промовираме нашите понуди, акции, попусти и било кои други промоции кои ги имаме за Вас, одговараме на сите ваши прашања побрзани со се што ве интересира околу нашите производи, попусти, промоции, било што, најчесто веднаш до “доцна во ноќта“. Дури и кога пример цената е видлива на рекламата, ама за секој случај прашуваме: „Цена?“ :). Како и да е, посветено, имаме над 320.000+ фанови бидејќи СЕКОГАШ СМЕ ТУКА ЗА ВАС.
Сервис и сервисна поддршка
Нашата грижа за производите купени од кај нас и грижата кон нашите клиенти не завршува со купувањето на производот. Секаков проблем на производот се решава преку нашиот Сервисен центар и овластените сервиси за разни брендови. Едноставно преку оваа страница го правите првиот контант за вашиот проблем, ве упатуваме што понатаму дури не се најде соодветното решение на проблемот.
АМЦ - Вистинско место за нова технологија со секогаш најдобри цени.
Ве очекуваме.