ASEE Macedonia

ASEE Macedonia ASEE во Македонија, регионален лидер и сигурен партнер, дел од една од најголемите ITC во Европа!

Традиционално во нашата компанија се одржа крводарителска акција, на која уште еднаш покажавме дека секогаш кога е најпо...
19/11/2025

Традиционално во нашата компанија се одржа крводарителска акција, на која уште еднаш покажавме дека секогаш кога е најпотребно – сме подготвени да помогнеме.

Со гордост споделуваме дека беа донирани 31 единици крв – 31 можности за нечиј нов ден, нова надеж и нова шанса за живот. 🩸✨

Голема благодарност до тимот на Црвениот крст и Институтот за трансфузиона медицина, кои се заблагодарија за хуманиот гест и за одлично организираната и спроведена акција. 🙏

👏 Огромно браво за сите колеги кои одвоија време и покажаа што значи вистинска солидарност. Нашата заедничка сила е најголема токму кога даруваме – живот.

#КрводарителскаАкција #Хуманост #ЗаедноМожемеПовеќе

На конференцијата   на Златибор, нашиот Виктор Димитровски, Product Line Manager во ASEE Македонија, учествуваше на пане...
31/10/2025

На конференцијата на Златибор, нашиот Виктор Димитровски, Product Line Manager во ASEE Македонија, учествуваше на панелот „Отворено банкарство во Србија – помеѓу регулатива и имплементација“. 🇷🇸✨

Заедно со експерти од банкарскиот и финтек секторот, Виктор сподели увид за тоа како банките, со поддршка од искусен технолошки партнер, можат ефикасно да ги применат PSD2 директивата и Berlin Group стандардите – создавајќи рамнотежа меѓу усогласеност и иновација. 💡

ASEE веќе активно соработува со банките во Србија во имплементацијата на Open Banking решенија, придонесувајќи за побрза дигитална трансформација и отворање кон нови можности. 🌍💙

🔹 Заклучокот на панелот беше јасен – Отвореното банкарство не е само регулатива, туку можност да се отворат врати за иновации, партнерства и нови дигитални модели. 🚀

Нашиот тим уживаше во незаборавен ден во прекрасната винарска визба „Кралица Марија“ во Демир Капија – опкружени со прир...
27/10/2025

Нашиот тим уживаше во незаборавен ден во прекрасната винарска визба „Кралица Марија“ во Демир Капија – опкружени со природа, добра храна, музика и многу насмевки. 🌿🍽️🎶

Откривме како се создава доброто вино, дегустиравме, се смеевме, уживавме во храната, музиката и природата – и најважно, во заедничката дружба. 🍷🤗💫

ASEE тимот знае како да ја спои работата со задоволството – со полна чаша позитивна енергија! На здравје за убави спомени, тимска енергија и нови искуства што нè инспирираат! 🥂✨

Три банки од Македонија, пет од Црна Гора и една од Албанија сега се официјално дел од SEPA екосистемот – што значи побр...
13/10/2025

Три банки од Македонија, пет од Црна Гора и една од Албанија сега се официјално дел од SEPA екосистемот – што значи побрзи, побезбедни и поедноставни евра плаќања низ Европа. 💶⚡

Како технолошки партнер, ASEE беше двигателот зад овој процес: од анализи и интеграција, до развој и имплементација на решенијата кои ги поврзаа нашите банки со европската платежна инфраструктура. 🧠💻

Тоа бараше месеци на тимска работа, техничка експертиза и беспрекорна координација – и резултатот е тука: успешно, навреме и со извонредност! 👏

Ова не е само проект. Ова е чекор кон модерно, европско и дигитално банкарство. И ние сме горди што ASEE е дел од таа приказна. 🌟

Со стартот на проектот „Зајакнување на капацитетите на Народната банка во областа на надворешната статистика, статистика...
25/09/2025

Со стартот на проектот „Зајакнување на капацитетите на Народната банка во областа на надворешната статистика, статистиката за плаќања и платните системи“ е одбележан важен момент за Народна банка на Република Северна Македонија и Delegation of the European Union to North Macedonia.

Како избран технолошки партнер, ASEE Македонија ќе ги развие новите софтверски решенија кои ќе ѝ овозможат на Народната банка да ја модернизира својата инфраструктура, да го усвои стандардот ISO 20022 и да се доближи до европските најдобри практики.

За ASEE Македонија, овој проект е повеќе од развивање на нов софтверски систем – тоа е одговорност, доверба и создавање долгорочна вредност. Горди сме што придонесуваме за посилен, поефикасен и потранспарентен финансиски систем од кој ќе имаат корист сите сегменти на економијата.

#НароднаБанка #ДигиталнаТрансформација #ФинансискаИнновација #ЕУсоТЕБЕ

07/11/2023

Оваа година на заедничкиот тим-билдинг се дружевме и забавувавме во преубавиот Охрид и охридско крајбрежје, исполнети со убава енергија и многу сонце. ☀️

За да се потсетиме на убавите моменти, погледнете го видеото кое го подготвивме со инсерти од патувањето. 🤩

Една од водечките ИТ компании во Македонија, АССЕКО СЕЕ ДООЕЛ Скопје, која е дел од најголемата ИТ групација и пионер во...
05/10/2023

Една од водечките ИТ компании во Македонија, АССЕКО СЕЕ ДООЕЛ Скопје, која е дел од најголемата ИТ групација и пионер во развојот на банкарскиот софтвер - ASSECO SEE (АСЕЕ), објавува значајна промена во своето име.

Имено, од 3 октомври 2023 година, компанијата функционира под нов правен назив - AСЕЕ ДООЕЛ Скопје, скратено AСЕЕ ДООЕЛ Скопје. Оваа промена е дел од стратегијата на групацијата ASSECO SEE за унификација на брендовите и проширување кон глобалниот пазар.

Новото име, AСЕЕ ДООЕЛ Скопје, означува нова ера за нас како компанија и индустријата во целост. Од сега натаму, сите комуникации со нас ќе се вршат преку брендот AСЕЕ, користејќи го називот AСЕЕ ДООЕЛ Скопје.

Една од водечките ИТ компании во Македонија, АССЕКО СЕЕ ДООЕЛ Скопје, која е дел од најголемата ИТ групација и пионер во развојот на банкарскиот софтвер -

Спортски поздрав од денешниот маратонски празник во Скопје! Браво колеги, се гордееме со вас!🏃🏃🏼‍♀️
01/10/2023

Спортски поздрав од денешниот маратонски празник во Скопје! Браво колеги, се гордееме со вас!🏃🏃🏼‍♀️

Стартот на новата учебна година го одбележавме со донација на ранци и школски прибор за децата од Домот за деца без роди...
04/09/2023

Стартот на новата учебна година го одбележавме со донација на ранци и школски прибор за децата од Домот за деца без родители „11 Октомври“ во Скопје. 🎒📚

Сакаме да се заблагодариме на сите наши вработени кои со задоволство се вклучија во оваа донаторска акција и помогнаа во патот кон знаењето и успехот на овие деца. 💖

Дали барате платена пракса за DEVOPS ENGINEER? 👨‍💻Payten – member of Asseco Group, интернационална компанија која работи...
22/08/2023

Дали барате платена пракса за DEVOPS ENGINEER? 👨‍💻

Payten – member of Asseco Group, интернационална компанија која работи на развој на сопствени продукти во областа на платежните системи користејќи напредни и современи технологии, организира платена пракса за DevOps технологии.

На оваа пракса се добредојдени сите кои сакаат да научат или да ги прошират своите познавања од оваа област со можност за вработување.

Практикантите ќе учествуваат во активности поврзани со инсталација и конфигурација на Kubernetes Cluster, Linux системи, Storage провајдери, Kafka Messaging системи, Deployment на интерно развиени апликации, Spark кластери, системи за автентикација, бази на податоци (MySQL, MSSQL, PostgreSQL, Redis, Cassandra) и други. Во текот на праксата кандидатите ќе работат на задачи од секојдневниот работен процес користејќи различни алатки како Jenkins, Git, Gerrit, Ansible, SquashTM, Harbor и други.

Доколку сте во последните години од вашите студии на некој од факултетите за информатички науки, тогаш не ја пропуштатје оваа уникатна можност и пријавете се! ✔️

Праксата ќе трае еден месец, почнувајќи од 02.10.2023.

Сите заинтересирани студенти може да аплицираат најдоцна до 15.09.2023 со испраќање на CV и мотивационо писмо на [email protected] со назнака: „Апликација за пракса за DevOps“.

Поради ограничениот број на места, Payten ќе направи селекција на пријавените кандидати.

Address

Naroden Front 17
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 08:00 - 16:00
Tuesday 08:00 - 16:00
Wednesday 08:00 - 16:00
Thursday 08:00 - 16:00
Friday 08:00 - 16:00

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when ASEE Macedonia posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share