01/07/2026
Во петокот се собравме во Аудиокултура.
Не можевме да замислиме подобро место за почеток на оваа приказна. Простор создаден за музика, за внимателно слушање и за луѓе што веруваат дека добриот звук не е луксуз, туку доживување. Таму, опкружени со пријатели, новинари, соработници и луѓе што низ годините останаа дел од нашата приказна, ја отворивме јубилејната година. И почувствувавме дека триесет години не се бројат по календар. Се бројат по луѓето што повторно ги среќаваш. По песните што сè уште некого го наоѓаат. По погледите што ти кажуваат дека патувањето имало смисла. Токму затоа оваа прослава 30 ГОДИНИ МУЗИЧКА СЛОБОДА И ЖИВА ВРСКА СО ПУБЛИКАТА ја замисливме како отворање на нови поглавја.
Концертите – ќе се сретнеме повторно. Во Битола. Во Скопје. Низ регионот. Таму каде што отсекогаш најдобро сме разговарале – преку музиката.
𝐅𝐎𝐋𝐓𝐈𝐍 𝐑𝐄 – ќе им ги препуштиме нашите песни на пријатели музичари од Македонија и регионот, за повторно да ги раскажат на свој начин.
𝐅𝐎𝐋𝐓𝐈𝐍 𝐋𝐈𝐕𝐄 – двојниот винил со кој концертите продолжуваат да живеат и по последниот аплауз. Лимитираното издание веќе може да се резервира преку новата веб-страница www.foltin.mk, а плочите се подигнуваат во продажните салони на Божиновски часовници и накит во Битола и Скопје или се испраќаат по карго низ целата држава.
Слушачки промоции – ќе се среќаваме околу грамофонот, затоа што некои плочи најубаво се слушаат заедно.
Архива на мали приказни – ќе ги споделиме сите оние моменти што никогаш не стигнале до сцената, а отсекогаш биле дел од неа.
Новата 𝐟𝐨𝐥𝐭𝐢𝐧.𝐦𝐤 – место каде постепено ќе се собираат музиката, стиховите, архивата, концертите, винилот и сите приказни од овие три децении.
Ви благодариме што во петокот бевте со нас. И уште повеќе, ви благодариме што веќе триесет години сте дел од ова патување.
Најголемото достигнување никогаш не биле албумите, концертите или километражата зад нас.
Најголемото достигнување се луѓето што останале покрај нас.
Поглавјата се отворени.
Се читаме.
Се слушаме.
Се гледаме.
❤️ #30годинифолтин
Партнери: Bozinovski watches & jewelry, Солидус - Финансиско друштво, Audiokultura, Bit Fest, СКОПСКО, Министерство за култура, Halkbank, Културен и информативен центар - Битола, Општина Битола - официјална страница, Brainster Next, ГРАФО ПРОМ, Password Production, Metropolis Radio Network, Sofia Live Festival, Filter Label
Соработници: Ivan Nedelev, Лазечар Георгиев, Bee Bop Café, Zoran Cardula, Duris Mk, Ален Хаџи - Стефанов, Ивица Јанкуловски, Maja Argakijeva, Aleksandar Kotevski
Фотограф: Tomislav Georgiev