24/09/2025
🙏🏻 Покана за Крстовден во манастирот „Св. Василије Острошки“ во село Чумово 🙏🏻
Манастирот „Св. Василије Острошки“ во село Чумово ги поканува сите верници да присуствуваат на празникот Воздвижение на Чесниот и Животворен Крст Господов – Крстовден.
Божествената литургија ќе се одржи во сабота (27 септември) со почеток во 10:30 часот, во манастирот. По литургијата ќе следи водокрст и прережување на светиот леб.
Сите добронамерни христијани се добредојдени да земат учество во овој свет празник. 🙏🏻