18/05/2014
Почитувани,
Општинската организација на Црвен крст Крушево собира:
- хигиенски средства (сапуни, пасти, шампони, средства за дезинфекција)
- вода за пиење (флаширана)
- храна (сува, тетрапак и конзервирана, сол, шеќер, брашно, пире, тестенини)
- медицински материјали (гази, завои)
- нова облека и обувки (долна облека, чорапи, маици, истите да бидат уредно здиплени и подредени)
- храна за бебиња и млеко во прав, влажни марамици, пелени и слично
- постелнина и Ќебиња
за погодените подрачја од поплавите во Србија и Босна и Херцеговина.
Можете да донирате од 10-16 часот во просториите на Општинската организација на Црвен крст Крушево.
Ве молиме за хумана поддршка на оваа вонредна активност и при донацијата посветете повеќе внимание
на прехрамбено-хигиенските донации бидејки според последните информации има недостаток повеќе од тој тип.
Ве замолуваме да ја проследите и оваа информација до вашите FB пријатели.
Кој колку е во можност нека донесе старо, што го има дома или нека купи.
Исто така можете да донирате:
1. Парична помош преку уплата на жиро сметка Фонд на солидарност 300000001327966 ДБ 4030984271620 – Комерцијална банка
2. Донирање на 100 денари со повик на телефоните : 075/070/077 143 400