27/08/2026
Верифицирана програма: Обучувач на возрасни
Лекција 1 - Андрагогија
Во современиот свет образованието не завршува со младоста! Учиме и ги подобруваме нашите знаења и вештини во текот на целиот живот. Тука настапува андрагогијата – наука која ги проучува можностите, проблемите, методите и техниките за систематско образование и учење на возрасните.
Разлики меѓу андрагогија и педагогија
• Андрагогија: учењeто на новите знаења и вештини се гради врз искуството и потребите на возрасниот - со фокус на практична примена.
• Педагогија: учењето е насочено од наставникот кон ученикот со повеќе теоретска структура и надворешна мотивација.
Возрасните
• Веќе имаат стекнато искуство и сакаат тоа да биде ценето
• Бараат релевантност – знаењето мора да им користи веднаш
• Се стремат кон самонасоченост и независност
• Мотивацијата најчесто е внатрешна – социјализација, личен развој, кариера, подобрување на животот, полесно решавање на секојдневни ситуации...
За моите сегашни и идни возрасни учесници