kudo.mk

kudo.mk Кудо е онлајн платформа, каде што може да се најдат производите и услугите од сите продавачи, и да се споредат цените и понудите.

Барањето на соодветниот телевизор од продавница во продавница завршува.Споредете телевизори, филтрирајте по ваша желба и...
20/02/2022

Барањето на соодветниот телевизор од продавница во продавница завршува.

Споредете телевизори, филтрирајте по ваша желба и пронајдете ја најдобрата понуда за вас, од удобноста на вашиот дом.

Вашиот шопинг асистент

Споредете ги цените помеѓу сите маркети, наједноставно со помош на www.kudo.mk
23/01/2022

Споредете ги цените помеѓу сите маркети, наједноставно со помош на www.kudo.mk

Вашиот шопинг асистент

19/01/2022

Вашиот шопинг асистент

Конечно можеме да дознаеме, каде НАВИСТИНА има попуст! Само на  www.kudo.mk
16/01/2022

Конечно можеме да дознаеме, каде НАВИСТИНА има попуст! Само на www.kudo.mk

Прв македонски вебсајт, каде што конечно можеме да дознаеме, каде НАВИСТИНА има попуст! Посетете го www.kudo.mk
15/01/2022

Прв македонски вебсајт, каде што конечно можеме да дознаеме, каде НАВИСТИНА има попуст! Посетете го www.kudo.mk

Вашиот шопинг асистент

Купувајте паметно и удобно од дома, со www.kudo.mk
13/01/2022

Купувајте паметно и удобно од дома, со www.kudo.mk

Ви благодариме за убавите зборови  IT.mk !!!!
28/12/2021

Ви благодариме за убавите зборови IT.mk !!!!

На прагот на урнебесни поскапувања на цените, а исти месечни примања, многумина луѓе го немаат луксузот да се расфрлаат со пари. Токму поради тоа,

Олеснете си го вашето пазарење со Кудо - нова веб апликација:- Пребарајте ги вашите омилени производи и дознајте каде се...
18/12/2021

Олеснете си го вашето пазарење со Кудо - нова веб апликација:
- Пребарајте ги вашите омилени производи и дознајте каде се продаваат
- Дознајте каде НАВИСТИНА има попуст
- Споредете ги цените помеѓу производи и разни продавници.

Купувајте паметно. Купувајте удобно.
Заедно со www.kudo.mk

Вашиот шопинг асистент

18/12/2021

Веројатно, до овој пост стигнавте со клик на линкот кој ве донесе од kudo.mk (освен ако некој непристрасен медиум не го сподели овој пост), каде што пишува дека можноста за скенирање баркод е додадена на Кудо од револт кон Фондот за Иновации и Технолошки Развој.

Имено, ние, основачите на kudo.mk, годинава аплициравме на повикот од Фонд за Иновации и Технолошки Развој наречен „Стартапувај 3“, кој служи за финансирање иновативни решенија и нови бизниси.

За Кудо побаравме прилично разумно финансирање од Фондот 1,663,200.00 денари(~27000 евра).

Она што е важно во овие пресметки е фактот дека за нашата апликација како проектен тим, бараме од Фондот ~67,5% од максималниот можен износ (40000 евра) за ваков тип на апликант.

Од Фондот добивме email порака за тоа како им е жал што не сме одобрени и pdf документ со мислења на секој член од комитетот за ставките по кои нé оценувале.

Ни беше кажано: "Кудо нема никаква иновација, преамбициозен е, бесмислен и невозможен проект да се изведе, а не нуди ништо посебно."

И секоја една критика и причина ќе беше разумна и прифатлива, разбрана и премолчена, да не беа резултатите какви што се.

Луѓе! Пријатели и непријатели! Гледате што се случува? - Проектот „SHOP & SCAN“, со барање на поголем износ од нас, од над 35000 евра, е прифатен за финансирање од Фонд за иновации...

Во прилог е опис на нивниот проект (преземено од резултати на ФИТР, линк до истите подоле):
„Апликацијата Shop&Scan преку скенирање на баркод ќе им го олеснува изборот на купувачите. Преку апликацијата за 20 секунди ќе можат да ги видат коментарите и оценките за производот од другите корисниците кои веќе го купиле. Апликацијата ќе биде лансирана на Google Play store и во Apple App store, бесплатно. Главниот фокус првично ќе биде македонскиот пазар со цел да се вклучат што повеќе производи присутни на нашиот домашен пазар.“
...

Ние си поставивме безброј прашања, како ќе се верификува дека корисниците кои оставаат коментар навистина го купиле производот, како толку многу баркодови ќе внесат рачно во нивниот систем (нешто за кое нас не критикуваа), и можеби најболното, како нивната апликација е подобра од kudo.mk (Ги покануваме проектниот тим на Shop&Scan да се претстават и да ја одбранат својата иновација, а и сите други кои добија финансирање)

Скенирањето баркодови на kudo.mk не е совршено, но е БЕСПЛАТНО (наспроти нивната поддршка од над 35000 евра), изработено со никаква поддршка и 0 буџет, и во знак на револт кон ваквиот, според нас, нефер исход.

Фондот за Кудо вели дека нема иновација, а Shop&Scan имаат, а ние го нудиме сосема истото скенирање баркодови како и нив, кое што, земајќи ги во предвид и другите функционалности кои ги нуди Кудо, тоа со баркодовите можеби го правиме и подобро од нив.

Фондот за Кудо вели, дека не нуди ништо посебно за корисниците. А што нуди корисно Shop&Scan? Тие овозможуваат било кој, дури и некој што го нема купено производот, да пишува мислење за него. Се сомневаме дека некој ќе го интересира да чита такви туѓи невалидни мислења.

Фондот за Кудо вели, дека неизводливо е ние да внесеме толкав голем број на баркодови за сите производи. Ако за нас е неизводливо, зар нели Shop&Scan се соочуваат со сосема истиот проблем? Како па за нив е изводливо?

Се надеваме дека мнозинството е со исто размислување како нас. Не ни е целта да допреме до тие што крадат (тие ионака се безосетни и немаат морална свест), туку да ви укажеме дека уште од првиот ден, на нашето постоење, и ни стана јасно дека ќе мора да одиме по потешкиот пат, и дека kudo.mk ќе успее само со Вашата критика и поддршка.

Во секој случај, би сакале искрен одговор од повиканите страни.

Линк до резултатите:https://fitr.mk/wp-content/uploads/2021/11/WEB_Prezentacija_Startapuvaj_3.pdf

Со почит,
Од основачите на kudo.mk

Address

Скопје
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when kudo.mk posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share