11/06/2025
Сè уште се будиме од авантурата која штотуку ја искусивме..🪂
Пред неколку дена, нашиот тим одбележа она што го нарекуваме момент во историјата.
Нешто фасцинантно, скоро нереално. Благодарение на Startup Club Skopje, ја добивме можноста да учевствуваме на GIST Net (Global Innovation through Science and Technology) Startup програмата во Тирана, Албанија, беше трансформативно искуство, и една огромна чест да бидеме дел од оваа динамична и инспиративна иницијатива.💎
💭 Затоа, би сакале да споделиме неколку клучни заклучоци и импресии како учесници на GIST:
♦️Соработка > конкуренција - Неверојатна енергија меѓу стартапите од регионот
♦️Менторство од врвна класа - Практични совети за скалирање на бизнисите
♦️Глобални трендови, локални решенија - Како да создаваме импакт преку иновација, таргетирајќи реални потреби.
🙌 Огромна благодарност до организаторите, менторите и колегите учесници за ова незаборавно искуство кое не само што ги изостри нашите вештини, туку го прошири нашиот поглед за она што е можно.
До сите амбициозни основачи: Продолжете да градите, учете и прифаќајте го секој чекор од вашето патување!