Центарот за истражување и анализа -ЦИА Скопје располага со широк спектар на
специјализирани истражувачки решенија, квалитативни, квантитативни методи,
нивна комбинација како и примена на TNS
брендирани решенија:
-Специјализирани истражувања
-Омнибус
-ТНС Брендирани решенија
ШТО РАБОТИМЕ
ЦИА е приватна независна агенција за истражување на: јавното мислење, пазарот
и медиумите ка
ко и во полето на маркетингот .
Богатата истражувачка понуда и професионалниот тим , како и искуството од
оваа област не прави да бидеме Центар за избор кога е неопходно професионално и
корисно истражување.
Прецизна, веродостојна и корисна информација во локален и глобален контекст,
не прави да сме лидери во истражување и јавното мислење, општествените
појави и истражување на пазарот.
Високо стручен тим на аналитичари, нивната посветеност, ефикасност и висок
квалитет, се основа за вредноста и квалитетот на секоја информација. Ова е
потврдено од бројни домашни и странски клиенти, потврдено на локални,
парламентарни и претседателски избори.
Инвестираме во најновата истражувачка технологија и развиваме нови пристапи
во истражувањата со цел да Ви помогнеме да донесувате деловни одлуки
засновани на свежи информции од пазарот неопходни за ефикасна компетиција и
успешна конкуренција.
Цврсто сме посветени да нудиме квалитет за цена и да развиваме највисоки
квалитетни решенија кои се во функција на Вашите маркетиншки и
истражувачки потреби и барања.
НАША СТРАТЕШКА ЦЕЛ
На клиентите да им понудиме одговори кои ќе поддржат донесување на ефикасни и
успешни решенија. Постојано тежнееме кон тоа нашите истражувања да бидат корисни
и увидите стекнати врз нив да поттикнат нови сознанија.
Наши принципи
- Ориeнтација кон клиентот
- Квалитетна, услуга, ефикасна испорака
- Иновативност, креативност, стручен истражувачки тим
- Посветеност и доверба
ИНТУИТИВНОСТ
Повеќе од прибирање податоци и изготвување извештаи - наоди кои ја придвижуваат
имагинативноста.
ИНВЕНТИВНОСТ
Преку бројките и трендовите, ние гледаме нови можности и предизвици.
КОМУНИКАТИВНОСТ
Поставувајќи прецизни прашања, наоѓаме вистински одговори.
КРЕАТИВНОСТ
Поинаков поглед на нештата.
АГИЛНОСТ
Подобро разбирање на чевечките потреби и предвидување на идни акции.
КОНСАЛТИНГ
Поддршка во донесување на подобри деловни одлуки.
“TNS - The Sixth Sense of Business - ШЕСТОТО СЕТИЛО ЗА БИЗНИС -
ОГЛЕДАЛО И ДВИГАТЕЛ НА НАШЕТО ОПКРУЖУВАЊЕ“ .
- Вкупната популација во Република Македонија според клучните социодемографски
карактеристики,
- Истражувања кои се фокусирани на посебни целни групи:
- Потрошувачи, бирачи, вработени, домаќинства,
- Етнички групи и малцинства,
- Раководители и бизнис менаџери,
- Креатори на јавно мислење (политичари, новинари, коментатори, експерти во разни
области, јавни личности, функционери итн.),
- Други личности кои носат битни одлуки,
- Ранливи групи,
- Специфични целни групи дефинирани од клиентите.
КВАНТИТАТИВНИ ИСТРАЖУВАЊА(вклучувајќи дизајн на проектот, изготвување
на примерок, истражувачки метод, конструкција на прашалник и изготвување на
извештаи и анализи).
КВАЛИТАТИВНИ ИСТРАЖУВАЊА – “фокус групи“ и ”in-depth” интервјуа
вклучувајќи регрутација, развивање на водич (guide) за модератор, модерирање и
изготвување на репорти
ТЕЛЕФОНСКИ АНКЕТИ (вклучувајќи изготвување на примерок, составување на
прашалник, репорти и анализи)
ТЕЛЕФОНСКИ (CATI) АНКЕТИ - ЦИА има формирано сопствен "Call Center"
(кол-центар) за примена на CATI (Computer Assisted Telephone Interview) систем. Тоа е
систем за спроведување на телефонски анкети со лиценциран NIPO CATI software на
кој се реализирани односно се реализираат повеке истражувања меѓу кои:
- Customer satisfaction/ retention (TRI*M methodology) за телекомуникациски оператори
- Меѓународен проект (Desktop tracker for Microsoft)
- Brand awareness, brand position, (usage and habits) for TAC (производител
- Социо-политички анкети за разни теми
- Анкети во врска со истражување на пазарот (маркетиншки истражувања)
ТИМОТ НА ЦИА
Тимот на ЦИА го сочинуваат стручњаци од разни профили, обучени да одговорат на
секое барање на клиентите, анкетарска мрежа од 300 анкетари и други надвореши
соработници. Развиената анкетарска мрежа овозможува да допреме до секое катче на
територијата на Р.Македонија.
- ПРОЕКТ МЕНАЏЕРИ:
- Менаџер за развој - Високо образование
- Раководител на анкетарска мрежа - више образование
- Асистент на раководител на анкетарска мрежа на анкетари и супервизори
- Раководител на CATI (Call Center) - Високо образование
- Раководител на мрежа на ’key-puncher”-и техничка поддршка
- Асистент за техничка подршка
Надворешни соработници
- 5 Албански супервизори - високо / средно образование
- 15 Македонски супервизори - високо / средно образование,
- 150 добро обучени Македонски анкетари , средно образование
-50 добро обучени Албански анкетари, средно образование
- 25 добро обучени “key-puncher”-и, за внос на податоци во специјализиран софтвер,
образовани за работа со компјутери
- 35 добро обучени анкетари за спроведување на телефонски анкети
- 20 добро обучени анкетари за спроведување на CATI/ CAPI анкети
- По потреба, еминентни експерти од разни области како надворешни соработници за
одредени проекти.
ЗОШТО Е ПОТРЕБНА ВАШАТА СОРАБОТКА СО ЦИА
ЦИА нуди широка палета на готови алатки со кои може брзо и ефективно да се
дојде до податоци. Овие податоци понатаму може да бидат вклопени во маркетинг
стратегии од страна на ЦИА, кои директно ќе придонесат за менување на
одредена позиција на институцијата( подобрување на мислењето кај
граѓаните,промена што ја очекуваат и сл. ) . Со комплетната стратегија која ја
нуди ЦИА, клиентот добива клиентите ќе добијат одгвор како да ја насочат
својата стратегија и раководење во компанијата односно институцијата и
подобрување на рејтингот и имиџот за што тимот на ЦИА ГАРАНТИРА.
КОМПЛЕТЕНА МАРКЕТИНГ КАМПАЊА
ЗАДОВОЛСТВО НА ГРАЃАНИТЕ
1. Утврдување на очекувањата на граѓаните
2. Мерење на степенот на задоволство
3. Откривање на причините за незадоволството од институцуијата
4. Креирање вредности кои ќе бидат основа за зголемување на задоволството на
граѓаните
Услугата овозможува да ја откриете конкретната слика за задоволството на граѓаните ,
задоволството треба да претставува и цел и средство на маркетингот.
ТЕСТ НА РЕКЛАМА
ЦИА изработува комплетна услуга која ја тестира и препознава добрата кампања,
прецизно ја мери и анализира перцепцијата на вашата таргет група за одредена
реклама, промоција или спот, а со тоа однапред го осигурува нејзиниот успех. Оваа
алатка се состои од неколку фази преку кои континуирано (од првичната идеа за
кампања, па се до завршувањето на истата) се следи и мери нејзиниот ефект и
нејзината исплатливост.
ИДЕЈА – идентификување на ефективна реклама уште во фазата на нејзино креирање.
Дефинирање и тестирање на носечката порака на рекламата.
СЛЕДЕЊЕ- Следење на ефектите од рекламната кампања врз целната група, мерење на
досегот на рекламата и давање на брз и ефективен фидбек за успешноста
Врз основа на анализите се изработува комплетна маркетинг стратегија ( од флаери до
видео спотови, улична кампања и сите останати типови на пакетот маркетинг.
ПОСЕБЕН ВИД ИСТРАЖУВАЊА
БРЕНД МЕТАР
1. Открива зошто граѓаните Ве избираат токму вас од многубројните конкуренти на
пазарот од приватниот сектор
2. Ги дефинира вредностите кои граѓани ги поврзува со вашата институција
3. Ја мери запознаеноста со брендот на институцијата
4. Ги открива асоцијациите кои ги предизвикува вашата институција кај граѓаните
5. Ја оценува посветеноста и лојалноста кон брендот на компанијата
Одржувањето на репутацијата меѓу граѓаните и градењето на имиџ претставува дел од
визијата на секоја компанија односно институција. Бренд метарот на ЦИА ви помага да
ја измерите репутацијата и позицијата на вашата компанија/институција кај граѓаните.
Ова е основа за врвни бенефиции.
Панелот на ЦИА брои преку 20 000 луѓе од најразлични профили секогаш подготвени
да одговорат на вашите прашања.
Во постојана надградба, ЦИА е одговорот на вашите истражувања кои треба да
опфатат многу специфични таргет групи.
Од овој панел може да се креираат безграничен број на специфични таргет групи за
вашите потреби. Може брзо, ефективно и прецизно да се таргетира саканата група и да
се направи истражување со методологија по ваш избор.
ЦИА
Ќе ви помогне да се доближите до таргет групите од ваш интерес како никогаш
порано Брзо и ефективно ќе даде одговор на вашите прашања Идеален е како основа за квалитативни истражувања и брзо регрутирање
СТРАТЕГИСКИ КОМУНИКАЦИИ
Стратешкото комуницирање е план за синхронизирање и интегрирање на
комуникациските процеси внатре во органзиацијата и од организацијата кон
различните јавности.
Од позиција на јасно дефинирана стратешка цел се определуваат и задачите на сите
делови што комуницираат со јавноста. Истражувањата се основа за дефинирање на
јасна и ефективан комуникациска стратегија.
Ние можеме, да Ви помогнеме во развивањето на комуникациски план кој ќе ги
намали не само трошоците туку и ќе ја зголеми бизнис ефикасноста на Вашата
органзиација.
Можеме даизработиме план и стратегија за информирање и комуницирање на Вашите
идеи до различни таргет групи.
Можеме да Ви помогнеме во стекнување на поголем и позитивен публицитет во
медиумите на локално и национално ниво.
Можеме да Ви помогниме како да се избегне или намали штетата на имиџот на
Вашата органзиација или да се извлече корист од негативниот публицитет во услови на
криза.
Можеме да Ви обезбедиме да ги максимализирате Вашите можности преку
поврзување со нови публики, можни акционери, добавувачи, и клиенти.
И што е најважно, можеме да Ви помогнеме да ги одберете најсоодветните
комуникациски пораки, активности и канали кои ќе Ви помогнат во остварувањето на
Вашата визија и стратешка цел.
Квантитативните истражувања се применуваат за прецизно мерење на мислењата,
ставовите, искуствата или начинот на однесување на одредена популација која е
предмет на интерес. Со ваквите истражувања се генерираат нумерички податоци за
примерокот извлечен од испитуваната популација, а добиените резултати се
генерализираат за целата популација.
ВИДОВИ АНКЕТИ
1.Теренска анкета
2.Телефонска анкета
3.Анкета преку пошта
4.Интернет анкета
КВАЛИТАТИВНИ ИСТРАЖУВАЊА
Квалитативните истражувања претставуваат метод на истражување преку кој се
открива кои се ставовите, вредностите, чувствата, мислите и причините за одредено
однесување.
При овој метод испитаниците се оставаат слободно да се изразат со што се овозможува
увид во нивната мотивација и доживувања. Се поставуваат прашањата зошто и како
при еден процес на донесување одлука, а не само што, каде и кога. Во процесот на
донесување заклучоци, бројките и статистичките операции не се карактеристика на
овој метод, туку деталните сознанија подржани со оригиналните изјави на
испитаниците.
1.Фокус групи
2.Длабинско интервју
3.Директна опсервација
КОЈ МЕТОД ДА ГО ПРИМЕНЕТЕ?
Теренска анкета
Теренската анкета се заснова на интервју лице – во – лице со испитаникот и
претставува еден од најчесто користените методи за истражување во секоја област.
Интервјуата може да се спроведат во домаќинствата на испитаниците, на улица или на
излез од маркети и др. локации значајни за истражувањето.
Предноста на овој метод произлегува од:
непосредниот контакт на анкетарот со испитаникот во текот на целото траење
на процесот на прибирање податоци со што е можно да се добијат исцрпни и
валидни податоци можноста да се користат визуелни материјали (слики, пакувања, логоа и сл.) за
тестирање на одреден производ или кампања Можноста да се постават голем број прашања (идеален за обемни истражувања)
Теренската анкета иако е релативно подолготраен и поскап метод на истражување,
сепак е еден од највредните и најпрецизни начини да се стекне увид во мислењето на
испитуваната популација. За испитување на јавното мислење со теренска анкета на
територијата на Република Македонија, од почетокот на истражувањето до
доставувањето на финалните резултати на нашата агенција и се потребни три недели.
Временската рамка може да варира во зависност од природата на истражувањето,
големината на примерокот и комплексноста на финалниот извештај.
Телефонска анкета
Телефонска анкета претставува систематско прибирање податоци од одреден примерок
од популацијата, во која потенцијалните испитаници се контактираат преку телефон.
Телефонските броеви се избираат или од вкупната популација (преку телефонски
именици) или од одредени листи со броеви (пример:одредени контакти на
потрошувачи, членови на одредена организација и сл.)
Овој вид анкети ќе ви овозможат да го осознаете мислењето на граѓаните/вашите
потрошувачи за определена тема од ваш интерес за краток временски период и со
релативно понизок буџет од останатите истражувања.
ЦИА, телефонските анкети на репрезентативен примерок на национално ниво ги
изработува за помалку од една недела. Временската рамка се скратува доколку станува
збор за помали примероци или поедноставен приказ на резултатите од истражувањето.
Одѕивот и интересот на граѓаните кај досегашните вакви истражувања на најразлични
теми е на задоволително ниво.
Анкета преку пошта
Анкета преку пошта претставува квантитативен метод на истражување при кој
прашалниците на испитаниците им се праќаат преку пошта.
Пополнетите прашалници, испитаниците ги испраќаат назад до агенцијата. Со
анкетниот прашалник, освен стандардизираните прашања, се испраќа и детално
упатство за начинот на пополнување на анкетата, информации за целите и природата
на истражувањето и гаранција за анонимноста. Предностите на овој метод се ниските
трошоци и можноста за поставување на голем број прашања на почувствителни теми.
Најголем недостаток е нискиот степен на враќање на пополнетите анкети и отсуството
на контрола врз процесот на одговарање.
Интернет анкета (Онлајн истражување)
Онлајн истражувањата се спроведуваат со алатката Rating Online Panel која користи
регрутирани испитаници со најразлични социо-демографски профили. Прашалниците
испитаниците ги одговараат преку интернет. Овој метод го препорачуваме доколку
Интернет пенетрацијата во Вашата целна група е на доволно високо ниво за да се
обезбеди репрезентативен примерок.
Најголемите предности на онлајн истражувањата се:
Исклучително ниските трошоци (онлајн анкетите се поевтини од
традиционалните методи за истражување) Достапноста на резултатите во секое време. Онлајн анкетите не само што се
евтини, туку се и брзи. Резултатите може да се видат и пред да се комплетира
истражувањето. Лесен пристап до испитаници од различни профили.
Квалитативни истражувања
Квалитативните истражувања претставуваат метод на истражување преку кој се
открива кои се ставовите, вредностите, чувствата, мислите и причините за одредено
однесување. При овој метод испитаниците се оставаат слободно да се изразат со што се
овозможува увид во нивната мотивација и доживувања. Се поставуваат прашањата
зошто и како при еден процес на донесување одлука, а не само што, каде и кога. Во
процесот на донесување заклучоци, бројките и статистичките операции не се
карактеристика на овој метод, туку деталните сознанија подржани со оригиналните
изјави на испитаниците.
Фокус групи
Фокус групата како квалитативен метод на истражување претставува една од
најкорисните и најпопуларните техники за истражување на пазарот денес. Се состои од
групно интервју во кое учествуваат 6-10 поединци кои во исто време дискутираат на
одредена тема. Дискусијата обично трае 60-90 мин.
Ситуации во кои предлагаме употреба на фокус групи се:
Прибирање податоци за нов производ односно (на пр.што им е потребно во
општината...) Собирање идеи за рекламна кампања Прогноза на продажбата и успехот на нов производ или некоја нова мерка Дефинирање на причини за опаѓање на продажба или доверба Сознанија за начинот на употреба на одреден производ или одредена работа Процена на конкурентските производи Оценка на дизајн/квалитет/функционалност на производ Увид во мислите и чувствата на потрошувачите односно граѓаните
Освен истражување на пазар, фокус групите се корисни и за стекнување на увид во
мислите и чувствата на луѓето во врска со најразлични теми од социолошки,
психолошки или политички карактер.
Предности на овој метод се добивање на резултати за релативно кратко време од голем
број корисни податоци, како и ниските трошоци.
Длабинско интервју
Длабинско интервју претставува квалитативно истражување во кое има индивидуален
пристап кон испитаникот кој ја изнесува својата лична перспектива на одредена тема.
Доколку целта на истражувањето е длабоко навлегување во одреден проблем и
добивање информации богати со детали, длабинското интервју претставува совршен
метод. Често се користи во почетна фаза на истражување на одреден проблем и служи
како основа за понатамошни квантитативни истражувања. Се користи мал примерок и
тоа најчесто од квалификувани испитаници кои знаат најдобро да одговорат на темата.
Предностите на длабинското интервју се можноста за испитување на комплексни и
чувствителни теми, флексибилност на дискусијата, како и можноста за детална анализа
на одговорите врз основа на аудио материјал
Директна опсервација
Директна опсервација или посматрање претставува квалитативен метод на
истражување преку кој систематски се следи и опишува одреден начин на однесување
или одредена појава. Се карактеризира со детален опис на истражуваното однесување
во временски и просторен контекст, како и разбирање на значењето на однесувањето и
неговата смисла. Посматрањето се изведува по однапред осмислен план од страна на
обучени и компетентни посматрачи. Може да се одвива лабораториски или на терен.
Пример: посматрање на однесувањето на потрошувачите при консумирање на одреден
производ или услуга.
Главната предност на оваа метода е тоа што претставува единствен начин за
објективно опсервирање на однесувањата и случувањата во природни околности, при
што се воочуваат и невербалните аспекти, а се намалува и дистанцата кон
истражувачот.
ЦИА ВИ НУДИ И ОРГАНИЗАЦИЈА НА НАСТАНИ
ЗОШТО ТОКМУ ЦИА Е ВИСТИНСКИОТ ИЗБОР ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА
ВАШИОТ НАСТАН?
>Ние ги обезбедуваме и менаџираме услугите кои Ви се потребни и ги превземаме
сите ваши грижи
>Ние ги договараме, организираме, водиме и надгледуваме сите логистички аспекти
на Вашиот настан
>Ние се грижиме за подготовката на сите логистички детали на настанот, како Вие би
можеле да го спроведете настанот.
>Вашето време подобро ќе го искористите фокусирајќи се на главното - стратегијата
на настанот и она што тој содржински го покрива
> Добивате добро организиран и успешен настан по најповолна цени
> Ги намалувате трошоците и си го елиминирате стресот, а притоа ја зголемувате
својата продуктивност
>Ние сме први кој ќе Ве пречекаме Вас и Вашите гости, и последни кои ќе кажеме
довидување
Наша мисија е да ги надминеме Вашите очекувања преку обезбедување на
највисоко ниво на подолу наведените услуги:
Финансиска Подготовка Избор на локација Хотелско Сместување Организирање патување – транспорт и логистика Маркетинг и PR на настанот Дизајн, печатење и дистрибуција на конференциски материјали. Изнајмување на конферернциска/техничка опрема за настани на отворено Конференциска опрема и безжична опрема за симултан превод Презентациска, визуелна и светлосна опрема Преведувачки услуги Фото и видео документација на настанот и забавувачи Сценографија на просторот (настани на затворен и на отворен простор) Регистрација на учесници, пред и за време на настанот Кетеринг услуга и организирање на коктели Менаџмент на местото на настанот Настани од забавен карактер
Изнајмување на конференциска/техничка опрема
Конференциска опрема
o Разглас-систем за озвучување, статични микрофони за на маса, бежични
микрофони, бежичен микрофон-буба
Бежична опрема за симултан превод
o Повеќе канални бежични инфраред приемници, слушалици, кабина за
симултан превод по ИСО стандарди, линиски излез за прикличување на
камери-дистрибутер на аудио сигнал.
Информатичка опрема Видео конференциска опрема*
o Поврзување со национални и меѓународни видеоконференции
(*Софистицирана опрема за истовремено поврзување на настани кои се
наоѓаат на различни дестинации и места, високо квалитетен видео и аудо
пренос)
Презентациска опрема
o Мултимедијален ЛЦД проектор, проекционо платно, плазма екран,
графоскоп, проектор за дијапозитив, ДВД плеер, табла-Flip Chart,
повеќеканално дигитално аудиo снимање на ЦД, дигиталено видео
снимање на ДВД, фотографирање...
Визулена и светлосна опрема
o Стенографија, платформа за бини и говорници, осветлување, банери,
билборди, инфо пулт, алуминиумска констикција за банер и
дополнително светло
Интегрирани маркетинг комуникации
Компаниите и нивните брендови, институциите и нивните лидери, организациите и
нивните членови, секојдневно се соочуваат со големи, комплексни и неретко
контрадикторни предизвици. Медиумскиот простор постојано се мeнува, а тоа влијае
на навиките и способноста на јавноста да ги прими сите пораки. За да ги пребродат и
да продолжат со развојот, потребни им е ефективна комуникација со целните групи од
јавноста и јасно поставени цели.
Цели на комуникацијата
· Градење, одржување и унапредување на репутацијата (имиџот)
· Создавање вистински (бренд) име и идентитет и свесност за неговото
постоење и квалитети кај целните групи од јавноста
· Создавање клима (предуслови) за постигнување на посакуваните
резултати во развојот.
Предизвици
Медиумите се променети
Многубројност – поголем избор
Разновидност – повеќе содржини
Комерцијализација – “Лошата” вест е доба вест!
Јавноста е променета
Заситеност – помалку теми
Предрасуда – помало прифаќање
Препознатливост – помал избор
Маркетинг комуникацијата е променета
Конкуренција – повеќе опции
Мноштво – повеќе пораки
Сегментација – повеќе информации за потесна јавност
За да се обезбеди ефективно пренесување на пораките, а земајќи ги во предвид
споменатите предизвици и промени во нашето опкружување неопходен е интегриран
пристап во комуникациите кој се состои од:
Односи со јавноста (PR) - Целата на ПР-от е да воспостави и да одржува
обострано корисен однос (комуникација) меѓу организацијата и нејзините целни
публики од кои зависи нејзиниот успех. ПР–от е особено добар во пренесување
на комплексни пораки до заинтересираните публики.. Покрај соодветното
пласирање на темите кон публиките, ПР-от преку специјално креирани обуки и
тренинзи ќе помогне во зголемувањето на капацитетот за внатрешна
комуникација (интерен ПР), како што и ќе ги зголеми капацитетите за
комуникација со јавноста од страна на Клиентот, а со цел транспарентен однос
кон јавноста (екстерен ПР).
Директен маркетинг – Преку користење на соодветни методи и алатки, на
непосреден начин, преку индивидуален пристап, да се оствари директен контакт
со корисниците и со тоа да се промовираат Вашите вредности.
Адвертајзинг
Рекламирање (advertising) – Целта на рекламирањето е да ги идентификува
потребите и желбите на целните публики и преку прилагодена естетска
визуелизација на носечките елементи на главните пораки да успее да “пробие“
до нивните чувства и со тоа да ја добие нивната наклонетост кон компанијата,
институцијата или организацијата и нејзините производи, услуги и вредности. o Развој на креативна стратегија за рекламирање
o Продукција на креативни материјали и решенија ((ТВ спот, оглас,
билборд, радио порака, летоци, инсертери, брошури, брендирање на
места на продажба...) o Развој на медиумска стратегија – креативен пристап (алтернативни
медиуми)
o Планирање и закуп на рекламен простор во медиумите
o Осмислување и имплементација на промотивни кампањи за:
o Развој на трговска марка – Брендирање (brаnding)
o Корпоративни комуникации (Co-marketing и co-branding)
o Лансирање на нов производ / услуга
Корпоративни кампањи
Едукативни кампањи
Комплетна изработка на кампањи од едукативен карактер за едукација на граѓаните
Продажни кампањи
Кампањи поврзани со продажба на одредени производи на пазарот во државата,
за продажни центри и сл.
- Корпоративен визуелен идентитет
Создавање на идентитет на корпорација, групен или заеднички
На пр. Што сакам да бидам?
Тренинзи и обуки за полесно одлучување во која професија најдобро можете да
просперите согласно карактерните сегменти за успех во кариерат
Иновативни медиуми
Најнов тип на рекламирање, каде нашиот тим изработува план како да се освои
пазарот и како да се освојат нови пазари.
Алтернативно рекламирање
Создадовме stop-shop за алтернативно рекламирање и герила маркетинг каде различни
алтернативни медиуми и рекламни решенија се предвидени на едно место - сe според
потребите на клиентот. Нудиме можност за создавање на уникатен концепт за реклама
и кампања за секој клиент поединечно и гарантираме реализација на проектот во
најкус можен рок. Три збора го опишуваат пристапот на нашата компанија. Тоа се:
креативност, интеракција, мобилност.
Амбалажа
Изработка на дизајн и решение за амбалажа на производи како важен момент во
продажбата и привлекувањето на ппотенцијалниот купувач.
Со почит,
ТИМОТ НА ЦИА