CEL Center of Excellence in Learning 4

CEL Center of Excellence in Learning 4 LSE Macedonia

27/01/2025

ВРАБОТУВАЊЕ ВО БАНКА

За еден од нашите премиум клиенти од банкарски сектор, имаме 3 отворени позиции:

- Раководител на експозитура - Гевгелија
- Заменик раководител на експозитура - Куманово
- Mенаџер за продажба МСП (Мали и средни претпријатија) - Битола

Ако имаш амбиција за професионален развој во динамична средина, со одлични услови и атмосфера за работа, пријавете се на еден од огласите и приклучете се на нашиот тим!

1. Твоите професионални активности за позиција: Раководител на експозитура - Гевгелија

- Активно учество во аквизиција на клиенти, иницира состаноци со клиенти, гради продажна и претприемачка култура во експозитурата;
- Одговорен за генерирање на побарувачка за кредити и одржување на тековното кредитно портфолио, како и за успешна диструбиција на останатите банкарски производи и услуги;
- Ја претставува експозитурата на позитивен и професионален начин на локално ниво и е одговорен за локалниот имиџ на Банката;
- Се грижи и предлага можности за зголемување на профитот во експозитурата;
- Одговара за исполнувањето на таргетите и финансиските резултати на работењето на експозитурата;
- Ги следи промените на законската и подзаконската регулатива како и актите на Банката и се грижи за нивната примена во работењето на експозитурата;
- Oрганизира, координира и раководи со тимот во експозитурата и дава иницијативи за унапредување на тековното работење.

2. Твоите професионални активности за позиција: Заменик раководител на експозитура - Куманово

- Се грижи за стручно, навремено и квалитетно извршување на поставените работни задачи;
- Проактивно учествува во привлекување на нови клиенти и го зголемува бројот на користени производи и услуги од постоечките клиенти;
- Учествува и се грижи за реализација на бизнис целите на експозитурата;
- Го следи развојот на пазарот и континуирано се грижи за потребите на клиентите;
- Учествува во организација на тимот во експозитурата со цел навремено и прецизно функционирање и одржување на квалитетно ниво на услуга;
- Одржува позитивни работни врски со внатрешни и надворешни субјекти;
- Се грижи и предлага можности за зголемување на профитот во експозитурата;

3.Твоите професионални активности за позиција: Mенаџер за продажба МСП (Мали и средни претпријатија) - Битола

- Таргетирање на нови клиенти на Банката (МСП);
- Директна комуникација со потенцијални и постоечки клиенти (МСП);
- Презентација и продажба на сите продукти и услуги на Банката;
- Менаџирање на сопствено портфолио;
- Cross и up-sale кај МСП на Банката;
- Aнализа на банкарскиот сектор во државата и развој на идеи за подобрување на нашите продукти и услуги.

Бенефиции:
• Политика за наградување преку систем на бонуси;
• Обуки за личен и професионален развој;
• Колективно осигурување од незгода, дополнително здравствено осигурување;
• Спортски и team building активности.

Треба да поседуваш:
• Возачка дозвола Б категорија;
• Одлични комуникациски, преговарачки и продажни вештини;
• Искуство во соработка со мали и средни претпријатија ќе се смета за предност;
• Познавање на биланси ќе се смета за предност;
• Познавање на англиски јазик;
• Адаптибилност кон работната средина и тимот;
• И најважно, проактивен пристап и амбиција за личен развој во согласност со визијата на Банката

Доколку сте одговорна, прецизна и активна личност, ориентирана кон остварување на високи резултати, придружете се и Вие кон успешниот тим на професионалци!

Работното време е 8 часа дневно, односно 40 часа неделно, од понеделник до петок.

На нашите вработени им нудиме динамична работна атмосфера со можност за професионален развој и усовршување, како и одлични услови за работа.

Вашето резиме може да го доставите на: [email protected]

13/12/2024

Adresse

Center
Berlin
1000

Benachrichtigungen

Lassen Sie sich von uns eine E-Mail senden und seien Sie der erste der Neuigkeiten und Aktionen von CEL Center of Excellence in Learning 4 erfährt. Ihre E-Mail-Adresse wird nicht für andere Zwecke verwendet und Sie können sich jederzeit abmelden.

Teilen

Kategorie